close
Премиера
 
40218_-_254
Извор: HBO

Питер Динклиџ во „X-Men: Days of Future Past“

Суперхероите секогаш ги плаќаат своите долгови. Питер Динклиџ, ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, и се придружува на актерската екипа на „X-Men: Days of Future Past“.

Режисерот Брајан Сингер ја објави веста на својот твитер профил, но не наведе попрецизно која улога ќе му припадне Динклиџ.

„Марвел“ ги продаде правата за „Спајдермен“, „Фантастична четворка“ и „Икс-мен“ пред да започне да ги снима „Железен човек“, „Тор“, „Капетан Америка“ и „Одмаздници“. Поради тоа не е секогаш сигурно кои ликови ќе се појават во нивните филмови. На пример, „Марвел“ не смее да користи ниту еден мутант од нивните стрипови со оглед дека тие сите се дел од правата за „Икс-мен“ кои ги купи „Fox“.

Останува да видиме режисерот Сингер која улога ќе му ја додели на 43-годишниот харизматичен актер. Но знаеме дека која улога и да ја добие ќе и донесе многу шарм и енергија - без оглед дали е добар или зол карактер во прашање.

Премиерата на филмот „Days of Future Past“ е најавена за месец јули 2014 година. Во филмот ќе ги видиме Ијан Мекелен и Патрик Стјуарт како постари верзии на Магнето и Професор Икс, додека Мајкл Фасбендер и Џејмс Мекавој ќе ги репризираат своите улоги од „Икс-мен: Прва класа“ како помлади верзии на овие два карактери. Покрај нив, во актерската екипа се и Џенифер Лоренс, Николас Хоулт и Хју Џекман.

15-02-2013 | Извор: Entertainment Weekly
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ