
Педро Паскал во улогата на Оберин Мартел во „Игра на тронови“
Најпоскакуваната улога од новата сезона му припадна на Педро Паскал. Имено, Оберин Мартел, принцот од Дорн, ќе биде портретиран од страна на Паскал кој е познат по учеството и во „The Good Wife“, „Red Widow“ и „Graceland“.
Оберин Мартел е дрзок, шармантен и итар принц од Дорн. Неговата сестра Елаја била брутално убиена од страна на Грегор Планината кога Лудиот Крал Ерис бил тргнат од тронот од страна на Роберт Баратеон и семејството Ланистер. Во четвртата сезона, Мартел ќе дојде во Кралебран со желба за одмазда.
Во врска со кастингот, Бениоф и Вејс велат: „Ова беше една од потешките задачи. Црвената змија, како што е прекарот на Оберин, е секси и шармантен, но во исто време и мошне опасен човек. Љубезен, но воден од омраза. Сите го сакаат и тој нив ги сака. Освен ако не се презивате Ланистер. Не беше лесно да се најде актер за оваа улога, но сега го имаме вистинскиот избор.“