close
Премиера
 
39872_-_254
Извор: HBO

Одобрена третата сезона на „Девојки“

Лина Данам пред неколку дена, во текот на гостувањето кај Алек Болдвин, изјави дека „HBO“ ќе снима и трета сезона на нејзината авторска серија „Девојки“.

Најавата на третата сезона, додека втората е на самиот почеток на емитување, е дополнителен показател колку „HBO“ ѝ верува на младата и талентирана Лина Данам и на нејзината серија. Покрај што ја има главната улога, таа е и сценаристка, режисерка и извршна продуцентка.

Според податоците, „Девојки“ е третата најпопуларна хумористична серија на „HBO“ по „Сексот и градот“ и „Лери Дејвид“. Покрај тоа, ова е комедија за која најмногу се зборува по медиумите и кај гледачите.

Лина Данам му се придружи на „HBO“ по нејзиниот независен филм „Tiny Furniture“ во 2010 година и првобитно требаше да работи како сценарист на некоја од постоечките серии. Меѓутоа, кога премиум кабелската мрежа реши дека е време за нов проект, таа се поврза со Џад Апатоу.

Серијата „Девојки“ од самиот почеток имаше одличен успех кај гледачите за што најдобра показател е фактот дека секоја епизода од првата сезона ја гледале во просек 4.6 милиони гледачи.

Втората сезона на серијата случајно започна да се емитува во текот на церемонијата на доделување на „Златен глобус“. На манифестацијата освои две награди - една за најдобра хумористична серија и една за најдобра главна актерка во комедија (Лина Данам).

Лина, гостувајќи во емисијата на Алек Болдвин, изјави дека снимањето на третата сезона започнува уште во март и тоа во студиото во кое болдвина ја снимаше успешната срија „30 Rock“ Која завршува оваа година по седум сезони.

Зборувајќи со Болдвин, Данам изјави дека веќе знае во кој правец ќе се развиваат главните ликови во серијата ко иги толкуваат Данам, Зосја Мамет, Алисон Вилијамс и Џемима Кирк.

„Би сакала на крајот на сезоната девојките да не мора да имаат сопрузи или деца, но кога ќе ги погледнете, да знаете дека успеале во животот и го пронашле својот пат.“ - изјави Данам.

28-01-2013 | Извор: Variety
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ