close
Премиера
 
42484_-_254
Извор: HBO

Нов рекорд на гледаност на „Игра на тронови“

Серијата „Игра на тронови“ со третата епизода од третата сезона постави нов рекорд на гледаност.

Имено, во неделата, третата епизода во САД ја гледале 4.7 милиони гледачи. Претходниот рекорд беше поставен на премиерата на третата сезона со вкупно 4.4 милиони гледачи.

Во меѓувреме, „Потпретседателка“ е повторно на екраните со втората сезона. Првта епизода привлече 1.2 милиони гледачи што е втор најдобар резултат за серијата од кога започна да се прикажува минатиот април.

Селина Мејер е и натаму во улогата на потпретседателка, додека во екипата влегоа и Гери Кол како нејзин поранешен политички стратег и Кевин Дан како Шеф на персоналот на Белата Куќа.

17-04-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ