close
Премиера
 
44913_-_254
Извор: Europress / AFP

Нов актер во „Игра на тронови“

Уште едно делче од кастингот на четвртата сезона на „Игра на тронови“ се комплетира. Младиот британски актер Џоел Фрај ќе го игра Хиздар зо Лорак.

Џоел Фрај претходно настапувал во „10,000 B.C.“ и „Tamara Drewe“.

Хиздар е опишан како „млад потомок на древно семејство од Мирин чии патишта ќе се вкрстат со оние на Денерис Таргариен.“

Мирин е најголемиот од трите градови во Заливот на робовите. Останатите два се Астапор (каде Денерис ја купи својата армија) и Јункај (град кој го ослободи Денерис на крајот од третата сезона). Во книгите на Џорџ Мартин, ликот на Хиздар за првпат се појавува во петтата книга со наслов „ A Dance with Dragons“.

Претходно, дел од актерската екипа за новата сезона станаа и Педро Паскал во улогата на Оберин Мартел, Индира Варма како Иларија Сенд, љубовница на Оберин, Марк Гатис од „Шерлок“ како банкар од Бравоси и исландскиот бенд Сигур Рос чија улога сè уште не е позната.

Третата сезона на серијата освои 16 „Еми“ номинации и постигната рекордна гледаност. Воедно, тоа е и втора најгледана сезона од некоја серија на „HBO“. Првото место сè уште го држи „Сопранови“. Новата сезона на „Игра на тронови“ се очекува идната пролет.

01-10-2013 | Извор: Entertainment Weekly
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ