close
Премиера
 
44041_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Нов актер во „Игра на тронови“

Додека снимањето на четвртата сезона на „Игра на тронови“ е во полн ек, се дополнува и онака големата актерска екипа. Во следната сезона, покрај враќање на два лика кои ги познаваме, ќе гледаме и уште еден детски актер.

Станува збор за 13-годишниот Бренок О’Конор кој ќе снима со екипата на Исланд. Со оглед дека ќе снима на Исланд, можеби неговата улога е поврзана со Ноќната стража. Претходно, Конор настапил во една епизода на „Holby City“, а во моментов работи на неколку нови улоги.

Што се однесува до повторното појавување, во наредната сезона ќе ги видиме Сер Донтос Холард (се сеќавате на оној симпатичен дебелко кој спаси глава на именденот на кралот Џофри кога дојде поднапиен да се бори на турнир) и пријателката на Ремзи, Миранда. Навистина изненадувачки, особено за Донтос. Но, фановите на „Игра на тронови“ веќе се навикнати на изненадувањата кои се зголемуваат од сезона во сезона.

Премиерта на четвртата сезона на „Игра на тронови“ е закажана за следната пролет.

25-07-2013 | Извор: Winter is coming.net
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ