
Извор:
Europress / Getty Images
Ноа Тејлор во пилот епизодата на серијата „Quarry“
По „Игра на тронови“, Ноа Тејлор ќе биде дел и од новата серија „Quarry“ на „Cinemax“ каде ќе настапи заедно со Логан Маршал-Грин.
Ноа Тејлор кој го игра Лок во „Игра на тронови“, ќе настапи во серијата чие сценарио го пишуваат Греем Горди и Мајкл Фулер. Дејствието се базира на серијата романи на Макс Алан Колинс и е сместено во 70-тите години од минатиот век. Снајперистот (Грин), по неговата враќање од Виетнам во 1973 година, ќе се најде отфрлен од оние кој ги сака и околината.
Тејлор ќе го игра Бади, платен убиец кој ќе го подучува Квори. Пилот епизодата ќе ја режира Џон Хилкот („The Road“, „The Preposition“), додека извршни продуценти се Хилкот, Горди, Фулер, Колинс и Кен Левин.
30-05-2013
| Извор:
Deadline Hollywood