close
Премиера
 
43384_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Николај Валдау во епската фантазија „Gods of Egypt“

Режисерот на „I, Robot“ и „Knowing“, Алекс Пројас, снима нова епска фантазија во која ќе настапи и актерот Николај Костер-Валдау кој го игра Џејми Ланистер во „Игра на тронови“.

Валдау ќе има една од главните улога во „Gods of Egypt“, филмска приказна за древниот Египет. Продуцент и дистрибутер на филмот е „Summit Entertainment“.

Филмот се базира на оригинално сценарио на Бурк Шарплес и Мет Сазама и раскажува за еден обичен крадец кој се поврзува со Боговите на еден магичен начин. Николај Валдау ќе го игра богот Хорос, бог на небото, кој се поврзува со Хатор, божица на љубовта и со крадецот за да се одмаздат за смртта на неговиот татко, Озирис.

Покрај овој проект, Костер-Валдау настапи и во „Mama“ на Гиљермо дел Торо и во научната фантастика „Oblivion“ со Том Круз. Во моментов, заедно со Камерон Дијаз, ја снима комедијата „The Other Woman“ на режисерот Ник Касаветес.

11-06-2013 | Извор: The Wrap
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ