close
Премиера
 
42366_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Натали Дормер ќе ја игра Ајрин Адлер во серијата „Elementary“

Натали Дормер од „Игра на тронови“ ќе биде дел од серијата „Elementary“.

Натали ќе се појави како Ајрин Адлер, еден од најпознатите женски ликови од приказната за Шерлок Холмс. Во серијата, Шерлок (Џони Ли Милер) ќе открие дека Адлер починала во рацете на „М“ и поради тоа речиси ќе го убие Себастијан Моран (Вини Џоунс) пред да открие дека токму Моријарти е тој кој стои зад ова гнасно убиство. Неговата смрт ќе го одведе Шерлок во светот на дрогата и зависностите.

Роб Доерти, извршен продуцент на серијата, изјави: „Снимаме ново поглавје од серијата. Адлер е веројатно најзначајната личност во животот на Шерлок и сметам дека Натали Дормер е вистински избор за оваа улога.“

Покрај што настапува како Марџери Тирел во „Игра на тронови“, Дормер е позната и по портретирањето на Ен Болеин во „Династијата Тудор“. Улогата на Ајрин Адлер ја толкувале и Лара Пуловер во „Шерлок“ на „BBC“ и Рејчел Мекадамс во франшизата за овој лик на Сер Артур Конан Дојл.


11-04-2013 | Извор: TvGuide
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ