close
Премиера
 
44413_-_254
Извор: HBO

Натали Дормер во „The Hunger Games“

„Lionsgate“, преку Твитер, објави дека Натали Дормер се придружи на екипата на филмот „The Hunger Games: Mockingjay“ и тоа во улогата на Кресида.

Режисер на филмовите е Френсис Лоренс, а сценариото се базира на романот „Mockingjay“ на Сузан Колинс. Овие два дела ќе бидат третото и четвртото продолжение на приказната за патувањето на хероината Катнис Евердин (Џенифер Лоренс) во востанието кое таа го води против автократската Влада.

Во моментов, Дормер настапува во улогата на Марџери Тирел во „Игра на тронови“, а во меѓувреме ќе ја видиме и во „Rush“ на Рон Хауард, како и во „The Counselor“ на Ридли Скот. Покрај тоа, Натали го заврши и снимањето на независниот филм „Posh“.

Првото продолжение на франшизата „The Hunger Games“ заработи речиси 570 милиони долари, додека премиерата на второто продолжение се очекува на 22-ти ноември. Следните два дела, во кои ќе настапи и Дормер, ќе имаат премиера во ноември 2014 година и во ноември 2015 година.

30-08-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ