close
Премиера
 
40581_-_254
Извор: HBO

Меѓународната изложба за „Игра на тронови“ ве носи во светот на Вестерос

Се приготвува патувачката изложба за една од најпопуларните тв серии „Игра на тронови“ - освојувач на „Еми“ и „Златен глобус“ награди. Станува збор за навистина посебен проект кој не смее да се пропушти и кој ќе ве пренесе во магичниот свет на Вестерос.

„Игра на тронови“ се базира на делата на Џорџ Мартин и е интригантна и визуелно фасцинантна приказна која за кратко време стекна огромен број на обожувачи низ целиот свет.

Оваа изложба, која за првпат се организира од страна на „HBO“, е направена така што ќе ни го прикаже живописниот и богат свет на Вестерос во пет светски градови - Торонто, Њујорк, Сао Паоло, Амстердам и Белфаст. Влезот на изложбите е бесплатен за јавноста, а самите поставки се однесуваат на клучните ликови од 5 главни семејства (Старк, Ланистер, Таргариен, Баратеон и Грејџој). На изложбата ќе можете да погледнете преку 70 артефакти од првите две сезони, како и неколку од најновата сезона чија премиера кај нас ќе можете да ја погледнете на 1-ви април.

Изложбата вклучува:

Костими, филмски реквизити, штитови и оружје - одлични мајстори кои со своите вештини создадоа автентични средновековни орудија, костимите на дизајнерката Мишел Клептон, потоа артефакти како што се модели на змејови, орудија (самострелот на кралот Џофри, мечови, ножеви, ками), потоа оклопи (штитови, шлемови и цели војнички оклопи кои ги носат главните ликови во серијата), круни, накит, книги и уште многу други предмети.

Интерактивно прикажување на битката кај Црновода - фановите ќе добијат можност да уживаат во интеркативно искуство што ќе ги стави во центарот на случувањата во битката кај Црновода која се одигра на крајот на втората сезона.

Железен трон - фановите ќе може да се фотографираат во копијата на Железниот трон кој е наменет само за кралот на Вестерос.

Колекција на сите предмети од серијата кои можат да се купат преку „HBO Shop“®.

Изложбите ќе се одржат по следниот редослед:

Торонто (9-16 март)
Њујорк (28 март - 3 април)
Сао Паоло (25-30 април)
Амстердам (19-27 мај)
Белфаст (8-17 јуни)

07-03-2013 | Извор: HBO
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ