close
Премиера
 
43051_-_254
Извор: Europress / AFP

Мајкл Ланан со нова серија на „HBO“

„HBO“ нарача нова драмска серија која ќе го претстави животот на неколку пријатели хомосексуалци во Сан Франциско.

Проектот треба да има 8 епизоди во првата сезона. Одлуката паднала по успешната пилот епизода која беше продуцирана од Ехдрју Хеј, Сара Кондон и Дејвид Маршал Грант.

Приказната се врти околу тројца пријатели во Сан Франциско (Френки Алварез, Мари Бартлет, Џонатан Гроф) кои се забавуваат и ги разгледуваат можностите кои им се на располагање на новите генерации на хомосексуалци. Пилот епизода ја режираше Хеј, според сценариото на Мајкл Ланан. Инаку, сценариото се базира на филмското сценарио „Lorimer“ (Ланан има снимено и краток филм со истиот наслов).

Снимањето се очекува да започне оваа есен во Сан Франциско, а премиерата е закажана за следната година. Покрај оваа серија, „HBO“ реши да снима нови сезони од „Девојки“ и „Потпретседателка“, а ги одбра и комичните серии „Hello Ladies“ и „Family Tree“.


17-05-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ