close
Премиера
 
42118_-_254
Извор: HBO

Креирајте сопствен „Игра на тронови“ семеен грб

Креирајте свој семеен грб или искористете некој од серијата! Сочувајте го, споделете го или искористете го на вашите профили на социјалните мрежи.

„HBO“ ја загрева атмосферата за третата сезона на „Игра на тронови“ преку апликација која овозможува креирање на сопствен семеен грб, име и слоган на семејството.

Апликацијата е достапна на повеќе јазици меѓу кои и македонски. Сè што треба да направите е да одите на веб страницата www.JoinTheRealm.com и да креирате грб по сопствен избор. Постојат бројни опции кои може да ги искористите при креирањето. Откако ќе го завршите креирањето, грбот може да го споделите на некоја од социјалните мрежи или да го искористете за некој од вашите профили.

Се надеваме дека со оваа алатка ќе ни помине побрзо времето на чекање до понеделник, 1. април во 20:05 часот, кога ќе ја гледаме првата епизода од третата сезона на „Игра на тронови“.

29-03-2013 | Извор: Mashable
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ