close
Премиера
 
40667_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Креаторите на „Игра на тронови“ зборуваат за третата сезона, омилените ликови и сексот во серијата

Во 2006 година, кога Дејвид Бениоф и Ден Вајс, креатори на серијата „Игра на тронови“, се најдоа со Џорџ Мартин за да зборуваат за тв адаптација на неговиот серијал книги со наслов „Песна за мразот и огнот“, писателот за да ги провери им дал квиз. Откако и двајцата го поминале тој се согласил да разговараат.

Од таа средба се роди ултра популарната серија која го освои светот. Актерската екипа е составена од вистински ѕвезди на чело со Питер Динклиџ, а приказната не шета по седумте кралства на Вестерос.

Бениоф и Вајс прифатија интервју во кое зборуваат за омилените ликови и предизвиците со кои се сретнале за време на снимањето на третата сезона чија премиера кај нас ќе се емитува на 1-ви април.

Што ве натера да направите тв адаптација на делото на Џорџ Мартин?

Бениоф и Вајс: „Читањето на книги е искуство кое создава навика. Сметавме дека HBO може да го направи истото. Во основа, сакавме да бидеме тие што ќе ве навлечат на книгите.“

Колку сте обврзани да се држите до материјалот?

„Имаме комплетна слобода во врска со приказната. Добивме зелено светло четири години пред да ја снимиме пилот епизодата. Откажавме многу проекти затоа што ги обожуваме овие книги и сакавме да ги пренесеме веродостојно. Засега, адаптацијата ја правиме онака како што ние сметаме дека е најдобро.“

Во книгите има многу повеќе карактери отколку што може да бидат телевизиски претставени. Имавте ли потешкотии при изборот?

„Не. Како што рековте и самите, не може сите ликови да се претстават. Понекогаш е позабавно кога ќе направите комбинација од неколку ликови во еден.“

Што мислат фановите на Мартин за вашето дело?

„Бен Хурион еднаш изјавил дека секогаш кога има двајца Евреи има и три мислења. Според нас нивното мислење варира. Но, има двајца негови фанови кои ја обожуваат серијата. Ние.“

Како изгледа еден ваш работен ден?

„Кога снимаме, одиме на сетот и го гледаме првиот кадар за да видиме дали оди се како што треба или е потребно да се прават измени. Ако станува збор за тешки сцени остануваме цел ден. Во спротивно, работиме на проверка на текстовите или на состаноци со режисерите на следните епизоди. Работиме и со тимот за костими, визуелни ефекти и со сите други со кои е потребно.“

Дали популарноста на „Игра на тронови“ ги надмина вашите очекувања?

„Кога HBO се мислеше дали да ни даде зелено светло за пилот епизодата, ние ги убедувавме дека серијата ќе биде голем хит. Никогаш не сме направиле тв серија без да бидеме доволно подготвени.“

Како успеавте да ја привлечете и публиката која не гледа фантазија серии?

„Со Игра на тронови се надевавме дека ќе привлечеме публика која не знае што се митолошки суштетства. Но, суштината лежи во ликовите. Арија Старк или Тирион Ланистер не ги сакаме затоа што живеат во свет на змејови, туку поради тоа што доживуваат работи кои ни се случуваат и нам. Тие сакаат луѓе кои не ги сакаат нив. Се плашат од моќ, но копнеат за неа.“

Со кој лик сте најмногу поврзани?

Бениоф: „Теон Грејџој, особено на начинот како што го интерпретира Алфи Ален. На некој свој начин, ова е еден од најкомплексните ликови во серијата. Тој е исплашен, осамен и несигурен и тоа го затскрива со ароганција и презир. Ме потсетува на мене кога имав 25 години.“

Вајс: „Секој ја започнува сезоната како Тирион, а на крајот сите сме Ходор.“

Направете компарација помеѓу третата и првите две сезони кога станува збор за обемот.

„Третата сезона дефинитивно е најобемна. Снимавме во пет земји, со три посебни сета и огромна екипа.“

Кој нов карактер или актер најмногу ве воодушеви?

„Тешко прашање. Но ако мораме да одбереме еден, тоа е Дајан Риг во улогата на Олена Тирел. Ние очекувавме дека ќе биде сјајна, но нејзината глума беше повеќе од тоа.“

Штотуку се вративте од Исланд. На какви неочекувани предизвици наидовте таму?

„Снимавме на замрзнато езеро кога во еден момент слушнавме страшно напукнување. Целата екипа почна да трча кон брегот. Тоа беше смешно. Исланѓаните кои беа дел од екипата не тераа да јадеме ферментирана ајкула. Но најголемиот предизвик беше секое утро да облекувате по 37 парчиња гардероба ако не сакате да умрете од смрзнување.“

Дали сцените со секс овозможуваат поголемо внимание од страна на гледачот за да се пренесе некоја заплетканата приказна?

Бениоф: „Јас за време на секс сцените помалку внимавам на приказната.“

Вајс: „Да, сексот привлекува внимание. Но кога ќе го привлечете вниманието на гледачот не смеете да дозволите да го испуштите потоа.

Дали „Игра на тронови“ може да трае осум или девет сезони?

„Да. Ако живееме толку долго и ако HBO сака да направи толку сезони. Ние имаме можност да раскажеме приказна која ќе трае барем 80 часови. И ние сме подготвени да минеме толку време со нашите омилени ликови.“

10-03-2013 | Извор: Winter is coming.net
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ