close
Премиера
 
34263_-_254

Кој е Чарлс Денс (Тивин Ланистер)?

„Нема да помине многу време, а јас веќе ќе бидам мртов. Ти, твојот брат, сестрата и нејзините деца... сите ќе бидеме мртви и ќе се распаѓаме под земја. Семејното име е тоа кое продолжува да живее. Не славата и честа, туку семејството!“ - обраќање на Тивин кон својот син Џејми Ланистер.

Чарлс Денс е роден на 10-ти октомври во 1946 година во Редич, Англија.

Тој е познат британски актер, сценарист и режисер. Пред да стане актер и да се придружи на „Royal Shakespeare Company“, Чарлс бил графички дизајнер. Првата поголема тв улога ја добива во 1984 година во серијата „The Jewel in the Crown“.

Денес, најмногу ѝ е познат на публиката по своите улоги на негативец во „Златно дете“, каде настапуваше заедно со Еди Марфи и во „Последниот акциски херој“, каде колега му беше Арнолд Шварценегер.



Инаку, тој го глумеше и негативецот во 12-тиот филм за агентот Џејмс Бонд, „For Your Eyes Only“. Тогаш го запознава и својот колега Џулијан Гловер, кој подоцна ќе го игра големиот мајстор Пајсел во серијата „Игра на тронови“. Една од ретките позитивни улоги во кои се нашол е улогата на Доктор Клеменс во „Осмиот патник 3“ на славниот режисер Дејвид Финчер.

Овој талентиран актер со мошне пријатен глас, веројатно ви е познат од фантазискиот серијалот „Игра на тронови“, каде ја игра улогата на кнезот Тивин Ланистер.

Тивин Ланистер е макијавелистички карактер - моќен, авторитативен и амбициозен. Тој е глава на семејството Ланистер и најбогатиот човек во сите Седум кралства. Иако службено му припаднала титулата на Кралски намесник за време на војната со Роберт Старк, таа улога му ја препушта на неговиот син Тирион. Тој е татко на Керсеј, Џејми и Тирион.

Интересен факт: „Извршните продуценти на Игра на тронови, пред снимањето на една од сцените ме прашаа: Чарлс, дали ти си вегетаријанец? Кога им одогворив дека не сум, ми ставија во рацете мртво животно и нож. Потоа, донесоа еден месар кој ме научи што треба да правам.“

Цитат (за ликот на Тивин Ланистер): „Сакам да го играм Тивин и не сметам дека тој е лош лик. Тој е човек кој се држи до своите принципи.“

Чарлс Денс, во улогата на Тивин Ланистер, може да го гледате во втората сезона на „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија може да ја следите и преку услугата „HBO OD“.

04-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ