close
Премиера
 
34224_-_254

Кој е Стивен Дилејн (Станис Баратеон)?

Стивен Дилејн е поранешен новинар, кој незадоволен од својата кариера, одлучил да го промени својот живот од корен, посветувајќи се на актерството.

Стивен е британски актер роден во 1956 година. Студирал историја и политички науки, а по дипломирањето станува новинар. Меѓутоа, со текот на времето, станува незадоволен од својата професија. Случајно прочитал некоја новинарска статија, во која популарниот британски актер Тревор Ив раскажува како се одрекол од својата професија - архитектурата и се посветил на актерството. Стивен одлучил и тој да ја направи истата работа и се запишува на славното бристолско училиште за театарска глума.

Станал ценет и популарен театарски актер, а својот талент го покажал во бројни претстави. Глумел многу тешки улоги од делата на Шекспир, како и во „End Game“ на Семјуел Бекет, „Вујко Вања“ на Чехов и уште многу други.



За среќа, Дилејн не застанал само на театарот. До средината на 90-тите години веќе глумел во тв серии и филмови, а познат е по учеството во филмската верзијата на „Хамлет“ од 1990 година, во која настапија и Мел Гибсон и Глен Клоуз. Но, филмската популарност започнува да ја стекнува во 1997 година, со главната улога во филмот „Добредојдовте во Сараево“. Други филмови по кои публиката го памeти се: „Spy Game“ (2001), „The Hours“ (2002), „King Arthur“ (2004), „Klimt“ (2006), „Storm“ (2009) и „Perfect Sense“ (2011).

И покрај неговите бројни филмски улоги, љубителите на серијата „Игра на тронови“ веројатно ќе кажат дека најдраг им е во улогата на Станис Баратеон, кого Стивен го игра во втората сезона.

Станис Баратеон е син на покојниот Стефон Баратеон, помлад брат на кралот Роберт и постар брат на Ренли Баратеон. По завршувањето на војната со Таргариен, Роберт му го доделил Аждеркамен, додека Ренли го добил Бурокрај и тоа е една од причините за раздорот помеѓу браќата. Со оглед дека не го признава младиот Џофри за крал, Станис се наоѓа на прво место на списокот на наследници на правото на Железниот трон. Поради тоа, се одлучува да го земе она што му припаѓа. Во тоа му помага Мелисандра, харизматичната свештеничка, која верува дека тој е спасител и му ветува помош, под услов Станис да ја отфрли старата вера и да го прифати нејзиниот Господар на Светлината. Меѓутоа, Станис не е единствениот која смета дека има полно право на тронот. И неговиот брат Ренли има претензии кон престолот.

Интересен факт: синот на Стивен Дилејн, 19 годишниот Френк, е исто така актер. Како дете настапувал заедно со својот татко во филмот „Добредојдовте во Сараево“, а на 16 години настапува и во „Хари Потер и полукрвниот принц“. Во моментов се очекува премиерата на „Papadopoulos & Sons“, во кој неговиот татко ја има главната улога.

Цитат: „Не сум од оние актери кои оваа професија ја посакувале цел живот. Едноставно, ја прочитав статијата за Тревор Ив и решив да се пробам во актерството.“

Стивен Дилејн, како Станис Баратеон, може да го гледате секој понеделник во 20:05 часот, во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“. Вашата омилена серија може да ја следите и преку услугата „HBO OD“.

01-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ