close
Премиера
 
34399_-_254

Кој е Рори Мекен (Шандор „Загарот“ Клиган)?

Со неговите 2 метри висина, кафени очи и темна коса, Рори Мекен од Глазгов, ја започнал својата кариера „од високо“ - го боел големиот мост „Forth Bridge“ во Шкотска.

Рори Мекен е роден на 24-ти април 1969 година во Глазгов, Шкотска. Тој е познат шкотски филмски и телевизиски актер.

Неговото прво појавување на тв е реклама во која бил облечен во шкотски килт. Подоцна, започнуваат неговите посериозни актерски ангажмани. Во 2002 година се појавува во тв драмата „The Book Group“, каде ја има улогата на тренер со посебни потреби. За оваа улога ја добива и наградата на „BAFTA“ за најдобар телевизиски перформанс. Потоа, Рори се појавува и во улогата на детективот Стјуарт Браун, во серијата „State of Play“, како и во улогата на Петар Велики во „Peter in Paradise“. Забележителен е и неговиот настап во наградуваната британска серија „Shameless“.

Потоа, следува холивудското деби во филмот „Александар“ на Оливер Стоун. Во 2007 година се појави во „Hot Fuzz“ како Мајкл Армстронг. Една година подоцна го играше Моби во „The Crew“ и хунот Атила во историската драма „Heroes and Villains“ на „BBC“. На крајот, како шлаг на торта, му доаѓа улогата на Шандор „Загарот“ Клиган во серијата „Игра на тронови“, која му донесе бројни фанови.



Шандор Клиган е помладиот брат на Грегор Клиган и слуга во семејството Ланистер. Негов прекар е „Загарот“ поради неговата одлучност да убие на команда, неговата лојаност и покорност. Тој се смета за еден од најопасните и највештите борци во Вестерос. Како дете се здобил со ужасни изгореници на лицето поради неговиот брат. Тоа ќе биде причина да го замрази Грегор, но и тоа ќе му создаде голем страв од огнот. Згора на сè, неговиот брат ќе стане витез, што само ќе ја зголеми неговата огорченост и омразата кон хипокризијата на витезите на Вестерос.

Шандор е огромен и мускулест човек. Десната страна од неговото лице е изгорена. Има исушено лице, остри јаболчни коски, сиви очи и големи веѓи. Носи долга црна коса, која паѓа врз изгорениот дел од лицето и главата. Нема десно уво и поседува видливи лузни. Наместа, каде кожата е целосно изгорена, видливи се и дел од коските. Вообичаено носи обичен оклоп и посебен штит кој има форма на кучешка глава.

Инаку, Рори Мекен го поминува слободното време во своите куќи во Лондон и Гленсо во Шкотска, каде поседува сопствен замок. Тој е вешт пејач, пијанист и свирач на хармоника. Покрај тоа, сака да спортува.

Интересен факт: пред да започне со актерството, работел како одржувач на градини во Глазгов. Откако го снимал филмот „Beowulf & Grendel“ на Исланд, Мекен се преселил таму, но поради економската криза останал без работа. Кратко потоа, станува дел на актерската екипа на „Игра на тронови“.

Цитат: „Сакам да го поминувам времето во природа, по можност сам. Дури и кога бев дрвосечач, за време на паузата, уживав во тишината и го читав „Господарот на прстените“. Истото го правев и со книгите на Џорџ Р. Р. Мартин.“

Рори Мекен, како Шандор „Загарот“ Клиган можете да го гледате во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“, преку услугата „HBO OD“.

07-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ