close
Премиера
 
33734_-_254

Кој е Ричард Меден (Роб Старк)?

Ричард Меден е 25-годишен шкотски актер кој стекнува светска слава со неговата улога на Роб Старк во ултра популарната серија „Игра на тронови“. Речиси и да нема сличности помеѓу него и неговиот лик во серијата - неговата гардероба е далеку од крзно и оклоп, а обожува да се шегува и да се смее. Тоа не е дел од карактерот на Роб Старк. Кој воопшто би сакал да се смее кога знае дека доаѓа зимата.

Иако стана познат поради серијата „Игра на тронови“, сепак луѓето сè уште не го препознаваат на улица. Тој вели: „Крзно, кожа и оклоп - тоа ме прави да изгледам поголем. Плус мојата коса во серијата е многу потемна и подолга. Ми се допаѓа таква. Би ми било чудно да не можам да отидам во Лондон, да се напијам пиво во паб и да се релаксирам со пријателите.“

Кога Ричард имал 11 години ѝ се придружил на програмата на младинскиот театар „Paisley Arts Centre“ за надминување на срамежливоста. Набргу потоа, тој ја добива улогата на Енди во филмската адаптација на „Complicity“ од Ијан Бенкс. Следува водечката ролја во тв серијата „Barmy Aunt Boomerang“. Меден дипломира на Кралската Шкотска академија за музика и драма во 2007 година. Додека студирал, тој постојано настапувал. За време на последната година од студиите, избран е за улогата на Ромео во „Globe Theatre“, што подоцна ќе се претвори во светска турнеја.

Од 2011 година настапува во улогата на Роб Старк во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“. Серијата се базира на серијата романи „Песна на мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин. Овој серијал од страна на критиката беше означен како „средновековни Сопранови“.



Роб Старк е најстариот син на Едард Старк и Кетлин Тали и наследник на Сурозимје и Северот. Кога неговиот татко е затворен поради предавство, тој ги развиорува воените знамиња и тргнува на југ, во обид да го ослободи својот татко. По егзкуцијата на Едард Старк, следбениците на Роб го именуваат како Крал на Северот. Познат е и како „Младиот волк“, како што го нарекуваат и неговите следбеници и неговите непријатели.

Неговиот надворешен изглед е многу поблизок до семејството Тали, со набиен изглед, сини очи, густа црвено-кафена коса. На почетокот на серијата тој е 14-годишно момче со изострено чувство за правда и чест. Тој ја има истата посветеност кон честа како и неговиот татко. Поседува страволк кој е познат како Сив ветер и кој секогаш учествува во неговите битки.

Интересен факт: пред три години, Ричард Меден е избиран за маж со најдобар стил на церемонијата на „Scottish Fashion Awards“. Интересно е дека тој ги испратил неговите родители, затоа што сметал дека не може да победи во конкуренција на Џерард Батлер и Алан Каминг. И покрај наградата, Ричард и натаму смета дека неговото чувство за мода и стил не е изградено.

Цитат (во врска со костимите во „Игра на тронови“): „Кога првпат облеков костим, си помислив: па, ова е фантастично. Но потоа снимате со денови, со нозете до половина во смрзната кал, мраз или снег, а вие носите седум слоја кожа и околопи, качени на коњ, со замрзнати стапала во 4 часот наутро, со болки во грбот и со мокар костим кој ужасно мириса. Во тој момент ќе си речете: не сакам повеќе да го носам костимот. Зошто не сум во Кралебран, во маица со кратки ракави?“

Ричард Меден, во улогата на Роб Старк, можете да го гледате во втората сезона на „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

17-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ