close
Премиера
 
33766_-_254

Кој е Николај Костер - Валдау (Сер Џејми Ланистер)

Како Сер Џејми Ланистер во „Игра на тронови“, Николај Костер е познат по својата ароганција (и водењето љубов со неговата сестра близначка, но тоа е друга приказна). Во вистинскиот живот, тој се обидува да ги избегне местата во кои мириса на вообразеност.

Николај Костер - Валдау е роден на 27-ми јули 1970 година во Данска. Се школувал на „Statens Teaterskole“ во Копенхаген и завршил во 1993 година. Неговото театарско деби е во улогата на Лаерт во „Хамлет“, додека филмската кариера му започнува со хитот „Nattevagten“ (Nightwatch) во 1994 година.

Откако ќе остави влијание на европската филмска индустрија, ја започнува својата кариера во САД, со оскаровецот „Black Hawk Down“ на Ридли Скот, каде го игра Гери Гордон.

Неговиот шарм и можноста да игра најразлични ликови ќе му донесе еден куп улоги - главната улога во „Енигма“ на Мајкл Ејптед, потоа во епската приказна „Kingdom of Heaven“ од 2005 година, како и во трилерот „Firewall“ каде настапи со Харисон Форд и Пол Бетани. Познат е и по улогата на Џон Амстердам, бесмртниот детектив за убиства кој ја губи таа натприродна моќ откако ќе се вљуби, во драмската серија „New Amsterdam“.

Тој е особено познат по улогата на Џејми Ланистер во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“, која се базира на серијалот книги „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин.



Во серијата, Џејми е брат близнак на Керсеј и син на Тивин и Јоана. Тој е еден од најпознатите витези во цел Вестерос. Тој станува витез и уште како многу млад станува дел од Кралската гарда. Тој ги има истите карактеристики како и неговата сестра - арогантност, неморалност и прекрасен надворешен изглед.

За време на бунтот на Роберт Баратеон, кралот Ерис го чува Џејми подалеку од битките, со цел да ја осигура помошта на Ланистерови. Сепак, по битката кај Трозабецот, Џејми открива дека Ерис е подготвен да го запали цел Кралебран со сите негови жители, наместо да му го предаде на Роберт. Кога лудиот крал ќе се реши да го спроведе овој свој план, Џејми решава да го убие и тоа му го носи епитетот „Убиец на кралеви“ и репутацијата на зол и нечесен човек. Подоцна, тој смета дека тоа бил неговиот најчесен чин.

Џејми е прикажан како арогантен, импусливен и неморален човек. Тој се обидува да ја сочува тајната инцест врска која ја има со неговата сестра, со тоа што ќе го фрли 8-годишниот Бран Старк од голема висина во Сурозимје. Џејми подоцна е заробен од страна на Роб Старк и поголем дел од Војната на петте кралеви ја поминува како затвореник во тврдината Рекотек на семејството Тали.

Инаку, Костер - Валдау живее во Данска, со неговата сопруга Нукака Моцфелд, која е поранешна мис на Гренланд и со двете ќерки Сафина и Филипа. Од страна на „BuddyTV“ е рангиран на 85-тото место на најсекси мажи за 2011 година.

Интересен факт:
еден од неговите најдобри пријатели е данскиот сликар Томас Клуге.

Цитат (за екстремно комплексниот и безмилосен карактер кој го игра):
„Зошто не би го сакал Џејми? Како актер не би можел да посакам подобра улога. Кога првпат отидов на снимање, почувствував неверојатна стравопочит и огромна возбуденост.“

Николај Костер - Валдау можеме да го гледаме секој понеделник во 20:05 часот, во втората сезона на „Игра на тронови“ на „HBO“. Серијата може да ја следите и преку услугата на „HBO OD“.

18-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ