close
Премиера
 
33936_-_254

Кој е Лијам Канингам (Давос Сиворт)?

Ирскиот актер Лијам Канингам во средината на 80-тите години бил електричар. Во тоа време забележал оглас за едно актерско училиште и се решил да му даде шанса на актерството. И добро е што ја донел таа одлука, затоа што сега можеме да уживаме во неговата глума во серијата „Игра на тронови“, каде го игра Давос Сиворт.

Лијам Канинган е роден на 2 јуни 1961 година во Даблин, Ирска. Има три сестри и еден брат, а израснал во католичко семејство. Се откажал од средното училиште на 15 години и започнал да работи како електричар. Во 80-тите години на минатиот век се преселил во Зимбабве, каде работел на одржување на електричната мрежа во еден сафари парк. По враќањето во Ирска, Канингам решава дека е време да ја промени професијата. На 27 години му дава шанса на актерството. Посетува часови по глума и наскоро започнува да работи во локалниот театар.

Неговата прва филмска улога била во „Into the West“ каде играл полицаец. Оттогаш, учествува во бројни филмови и претстави од двете страни на Атлантикот.

Кананингам станува меѓународно познат со неговата улога на Капетан Рајан во независниот хорор филм „Dog Soldiers“. Подоцна настапува во високобуџетни филмови, меѓу кои ќе ги споменеме: „The League of Gentlemen's Apocalypse“, „The Wind That Shakes the Barley“, „The Mummy: Tomb of the Dragon Emperor“, „Hunger“, „Clash of the Titans“ и „Centurion“. Кога станува збор за телевизијата, Лијам се појавува во „Outcasts“ на британската „BBC“ и секако, во славната „Игра на тронови“ на „HBO“.



Дури седум пати бил номиниран за филмски награди, а освоил три. Во 2000 е избран за најдобар актер на „Cherbourg-Octeville Festival of Irish & British Film“ за улогата во филмот „A Love Divided“. Претходно, во 1999 година, ја освои „IFTA“ наградата за најдобра споредна машка улога во филмот „Hunger“, а во 2007 година ја освои истата награда уште еднаш за улогата во „The Wind that Shakes the Barley“.

Инаку, Канингам живее во Даблин со неговата сопруга Колет, ќерката Елен и синовите Лијам Џуниор и Шон.

Во „Игра на тронови“ го игра Давос Сиворт, господар на Дождовна шума, Адмирал на Тесното море, познат и како Витез на кромидот. Некогаш бил шверцер, но подоцна станува витез, најголем и најлојален поддржувач на Станис Баратеон. Тој е капетан на „Black Betha“ - неговиот стар шверцерски брод. Давос има седум сина, а повеќето од нив служат во флотата на Станис.

Давос ги нема првите делови од прстите на левата рака. Тој ги носел остатоците во торбичка обесена околу неговиот врат, сè додека не ги загубил.

Интересен факт: најмногу го интересираат танцувањето и Формула 1 (тој би сакал да се натпреаварува во овој спорт еден ден).

Цитат: „Не сакам светкави шоуа; „X Factor“, „Dancing on Ice“, „Britains Got Talent“… не ме сфаќајте погрешно. Ги сакам реалити шоу емисиите - го сакам „Големиот брат“ и документарци, но мразам кога се истакнува понижувањето. Тоа е како во Колосеум - донеси ги гладијаторите и убиј ги. Мразам ароганција од таков тип.“

Лијам Канингам во улогата на Давос Сиворт во „Игра на тронови“ може да го гледаме секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија може да ја гледате и преку услугата „HBO OD“.

23-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ