close
Премиера
 
33096_-_254

Кој е Кристофер „Кит“ Харингтон (Џон Сноу)?

Во текот на својот живот, Кит сакал да биде камерман, воен коресподент и новинар, но дипломирал на „Central School of Speech and Drama“, дел од Универзитетот во Лондон, во 2008 година.

Биографија: Кит Харингтон е роден на 26-ти декември 1986 година во Ворчестер, Англија.

Првото негово појавување во актерските води е улогата на Алберт во театарската претстава „War Horse“. Во моментов најактуелен е со улогата на Џон Сноу во култната серија „Игра на тронови“ во продукција на „HBO“. Оваа година дури двапати беше номиниран за награди за оваа серија. Првиот пат на „Saturn Awards“ за најдобра споредна машка улога на телевизија, а вториот пат на „Guild Awards“ во категоријата најдобра актерска екипа во драмска серија.

Во „Игра на тронови“, Кит го игра Џон Сноу, вонбрачниот син на лордот Едард од семејството Старк во Сурозимје. За разлика од други слични случаи, Ед Старк го донел својот син дома за да расте заедно со другите негови деца Роб, Санса, Брен, Арија и Рикон. Џон гради многу блиски односи со своите браќа и сестри, но неговата маќеа Кетлин никогаш нема да го прифати неговото живеење со нив.



Тој е мошне близок со неговиот чичко Бенџен, член на Ноќната стража. Тоа е чета од луѓе кои го чуваат Ѕидот, тврдина на северот која ги чува кралствата од нападите на дивјаците и Белите талкачи. Џон смета дека неговото место е токму во Ноќната стража и заминува таму заедно со неговиот чичко. Во исто време, неговиот татко, Санса и Арија заминуваат во Кралебран, со оглед дека Ед Старк станува кралски намесник на кралот Роберт Баратеон.

Она што го открива Џон Сноу на својата нова задача не го ни претпоставувал. Станува збор за ужасен студ, а славата која ја замислувал, воопшто не постои. Наместо тоа, Ноќната стража во најголем дел е составена од вонбрачни синови, крадци и разбојници. Тоа се луѓе кои се испратени таму по казна. Но, Сноу е еден од ретките таму што поседува воени вештини и набрзо станува познат, со голема помош на својот страволк Дух.

Интересен факт: тој носел перика во пилот епизодата на „Игра на тронови“, но подоцна ја пушта косата да му порасне.

Цитат (за понатамошниот развој на кариерата): „Учеството во некој филм би било прекрасно нешто, но јас сум театарски образован актер и тоа најмногу би сакал да го работам. Ги сакам театрите како „Royal Court“, „Soho“ и „National“ и кога би можел да работам во некој од нив, би бил пресреќен.“

Кристофер Кит Харингтон, односно Џон Сноу, може да го гледате во серијата „Игра на тронови“,секој понеделник во 20:05 часот, ексклузивно на „HBO“.

30-04-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ