close
Премиера
 
33854_-_254

Кој е Ијаин Глен (Сер Џора Мормонт)?

Ијаин Глен припаѓа на плејадата британски актерски ветерани. Исто како и камелеоните, тој се трансформира и едноставно се претопува во своите улоги. Наместо да го игра ликот на Џора Мормонт - тој станува Џора Мормонт.

Шкотскиот театарски и филмски актер, Ијаин Глен, е роден во 1961 година во Единбург. Добитник е на неколку европски филмски награди. Улогата на харизамтичен водач на банда во тв серијата „The Fear“ од 1988 година го направи Глен препознатлив лик на актерската сцена. Две години подоцна, тој е брилијантен во улогата на шкотскиот поет Лери Винтерс, во биографскиот филм „Silent Scream“, за што освојува Сребрена мечка за најдобра актер на Берлинале.

Меѓу неговите најистакнати актерски постигнувања може да ги вброиме: „Mountains Of The Moon“ (награда „Evening standard“ за најдобар актер), „Fools Of Fortune“ („Сребрена мечка“ за најдобар актер), „Harry Brown“, „Iron Lady“, како и блокбастерите „Tomb Raider“, „Resident Evil: Extinction“ и „Kingdom of Heaven“.

Глен настапувал во бројни серии и тв филмови. Во соработка со „HBO“, остварил неколку успешни проекти, меѓу кои треба да ги издвоиме биографската драма „Виорот на војната“, драмската серија „Повратен удар“ и секако, фантастичниот серијал „Игра на тронови“.



Овој актер речиси целиот свој живот балансира помеѓу големото платно и театарската сцена. Во текот на својата богата театарска кариера, Глен настапувал во претставите „Хамлет“, „Магбет“ и „Хенри V“, додека настапите во претставите „Martin Guerre“, „Сина соба“ со Никол Кидман и „The Crucible“, му носат номинации за престижната британска театарска награда „Лоренс Оливие“.

Во „Игра на тронови“, Ијаин Глен ја има улогата на Сер Џора Мормонт - прогонет витез, поранешен водач на семејството Мормонт. Неговиот татко, лордот Џеор Мормонт е командант на Ноќната стража. Џора е десна рака на Данерис Таргариен. Иако во почетокот ѝ се придружил со цел да шпионира, тој станува нејзин верен советник и пријател.

Цитат (за ликот на Џора Мормонт): „Неговиот однос со Данерис се базира на преданост, почитување и голема љубов кој тој ја негува кон неа. Тоа е еден контраст во односот со останатите. Џора е добро момче во светот каде што таков тип на луѓе се вистинска реткост.“

Интересен факт: поради неговата сложена граматичка структура и необичниот акцент, совладувањето на јазикот на Дотраките му бил вистински ноќен кошмар.

Ијаин Глен, во улогата на Џора Мормонт, можете да го гледате во втората сезона на „Игра на тронови“ секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

22-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ