close
Премиера
 
34095_-_254

Кој е Ејдан Гилен (Питир Балиш „Малопрст“)?

„Ми се допаѓа тоа што во „Игра на тронови“ се испреплетени толку многу поврзани приказни. Серијата истовремено е силна, тажна и смешна. Многу е лесно да се поврзете со неа, затоа што и покрај елементите на фантазија, корените се наоѓаат длабоко во човековата природа и искуство.“

Ирскиот театарски и филмски актер Ејдан Гилен е роден на 24-ти април 1968 година во Даблин. По завршување на гимназијата, ја започнува актерската кариера во „Dublin Youth Theatre“. Неговата прва улога е во Шекспировата „Сон на летната ноќ“.

Публиката го запознава со улогата на Стјуарт Алан Џоунс во контроверзната британска драмска серија „Queer as Folk“, во која на искрен и забавен начин се прикажува животот на тројца хомосексуалци во Манчестер. Сепак, најпознат е по улогите во популарните серии на „HBO“ - „Игра на тронови“ и „Нарко-мрежа“.



Некои од филмските проекти во кој Гилен го покажал својот талент се: „The Lonely Passion of Judith Hearne“ (1987), „Circle of Friends“ (1995), „Buddy Boy“ (1999), „Shanghai Knights“ (2003), „12 Rounds“ (2009), „Blitz“ (2011) и „The Dark Knight Rises“, кој наскоро доаѓа во кино салите.

Гилен, за својата изведба во славната бродвејска претстава „The Caretaker“ во 2003 година, беше номиниран за престижната награда „Tony“. Добитник е на две „IFTA“ награди за најдобар тв актер во сериите „Нарко-мрежа“ (2009) и „Love/Hate“ во 2012 година.

Од 2001 година е во брак со Оливија О’Фланаган. Семејството, кое го сочинуваат и нивните два сина, Бери и Џое, живее во Ирска.

Ејдан Гилен во „Игра на тронови“ ја има улогата на вештиот манипулатор Лорд Питир Балиш „Малопрст“. Прекарот го добил поради поради скромниот имот кој го поседува неговото семејство на брегот на полуостровот „Fingers“, но и поради неговата слаба телесна градба како дете. Балиш со сарказам го прифаќа прекарот, затоа што покажува колку висок социјален статус успеал да стекне - од скромен благородник, до еден од најмоќните луѓе во Вестерос.

Питир Балиш е глава на семејството Балиш, главен благајник и член на малиот совет на кралот. Покрај своите службени должности, тој ги претставува очите и ушите на Кралебран, заедно со Варис. Тој е голем манипулатор, кој вешто ги користи своите бордели во Кралебран за да ги дознае тајните на своите политички ривали и со тоа да ги држи во рака. Уште како дете има чувства кон Кетлин Старк, со која заедно израснал, но љубовта никогаш не е возвратена.

Цитат (за улогата во серијата): „Малопрст не е расипан лик. Пред сѐ, тој е одличен стратег, со силен нагон за преживување во немилосрдниот свет кој го опркужува.“

Интересен факт: роден е како Ејдан Марфи, но го користи презимето Гилен (моминското презиме на неговата мајка) затоа што во актерското здружение веќе е регистриран актер под името Ејдан Марфи.

Одличниот Ејдан Гилен можете да го гледате во втората сезона на возбудливата серија „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

29-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ