close
Премиера
 
34152_-_254

Кој е Гетин Ентони (Ренли Баратеон)?

„Сите знаеме каков човек е Станис. Тој не може да инспирира ниту љубов, ниту лојалност. Тој не е крал. Јас сум.“ - Ренли Баратеон

Англискиот актер Гетин Ентони е роден на 9-ти октомври 1983 година. Неодамна беше дел од телевизиските серии „Ten Days to War“ и „Doctors“, но сепак слава стекнува со улогата на Ренли Баратеон во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“, која се базира на серијалот романи на Џорџ Р. Р. Мартин, „Песна за мразот и огнот“.

Средно училиште Ентони учел во „Tiffin Boys Grammar School“ во Кингстон, каде станува претседател на сојузот на ученици. Подоцна, ќе се врати во истото училиште, но како професор по драма и како член на жири на повеќе настани.



Гетин Ентони добива стипендија за „British American Drama Academy“ во Лондон во текот на летото 2004 година. Таму посетува работилници заедно со Фиона Шоу, Алан Рикман и Брајан Кокс. Студирал англиска литература на Оксфорд и таму бил претседател на драмското здружение, пред да замине на лондонската „Academy of Music and Dramatic Art“.

Гетин е познат театарски и тв актер. Познат е по улогите на Малколм во „Магбет“, потоа улогата на „Dromio of Ephesus“ во „The Comedy of Errors“ како и Бил во „Popcorn“, изведувана во „Old Fire Station Production Company“.

Кога станува збор за телевизијата, познат е по улогата на Вилијам Строу во телевизискиот филм „Pinochet's Last Stand“, како и по портретирањето на Дру Крејмер во серијата „Holby City“.

Но, она што му носи вистинска популарност е улогата на Ренли Баратеон во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“. Ренли е син на Стефон Баратеон, кој бил глава на семејството Баратеон и Врховен Лорд на Буроземјето. Буроземјето е еден од конститутивните региони на Седумте кралства, а семејството Баратеон е едно од големите семејства на Вестерос. Ренли има два постари браќа, Роберт и Станис. Стефон умира кога момчињата се млади, а Роберт ги наследува сите титули.

Роберт започнува востание против кралот Ерис II Таргариен или „Лудиот крал“ како што го нарекувале. По победата во востанието, Роберт седнува на Железниот трон. Ренли му служи на Роберт како мајстор по право во Малиот кралски совет во Кралебран. Инаку, Ренли е дури четврт во линијата за наследување на Железниот трон. Пред него се неговите внуци Џофри и Томен и неговиот постар брат, Станис. Во советот и градот е познат по неговото пријателско и отворено однесување, како и поради изостреното чувство за естетика.

Интересен факт: Гетин Ентони може да пее тенор, а тренирал и африкански танци, заедно со славниот нигериски танчер Боде Лавал.

Гетин Ентони, во улогата на Ренли Баратеон, може да го гледате секој понеделник во 20:05 часот во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

31-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ