close
Премиера
 
33268_-_254

Кој е Џек Глисон (Џофри Баратеон)?

Ликот на Џофри Баратеон, кој го прослави младиот Џек Глисон, за многу кратко време стана еден од најомразените ликови на малите екрани - дете коe сите сакаат да го мразат.

Ирецот Џек Глисон има само 19 години, но веќе е театарски и филмски актер. Ова талентирано момче остварило помали улоги во блокбастерот „Batman Begins“, во хоророт „Shrooms“ (2007 година) и драмата „A Shine of Rainbows“ (2009 година). Во 2010 година ја добива главната улога во драмата „All Good Children“ на режисерката Алис Дафи, а „Variety“ го прогласува за „големо актерско откритие“.

Студира филозофија и теологија на Тринити Колеџ во Даблин, каде добива и стипендија. По завршување на снимањето на „Игра на тронови“, Глисон најави дека ќе продолжи со академската кариера и повремено ќе се занимава со актерство.

Во моментот, Глисон е ѕвезда на епскиот серијал „Игра на тронови“ на „HBO“. Серијата се базира на фантазиските романи на Џорџ Р. Р. Мартин. Џек е дел од оригиналната актерска екипа, а во улогата на Џофри Баратеон е од 2009 година.



Џофри Баратеон е најстариот син и наследник на кралот Роберт Баратеон и кралицата Керсеј Ланистер. На Железниот трон седи како втор крал кој потекнува од семејството Баратеон. Негов вистински татко е Џејми Ланистер, братот близнак на кралицата. Иако кралот Роберт никогаш не се посомневал во своето татковство, јасно е дека бил разочаран од својот размазен наследник. Џофри постојано чезнее по пофалба од таткото, поради што постојано се обидува да се докаже.

Уште како дете бил своеглав и претерано нестабилен. Со оглед дека не прави разлика меѓу доброто и злото, а одозгора има и експлозивен карактер, често влегува во проблеми кои потоа ги префрла на други. Откако ќе биде крунисан, неговата безобѕирност, бруталност и склоност кон носење погрешни одлуки, доаѓаат до полн израз. Цитат кој совршено прилега на владеењето на Џофри Баратеон е: „Кралот прави што сака!“

Цитат: „Не ми е тешко да издвојам многу пари за работи кои ме прават среќен. Претпоставувам дека е наивно да се изјави вакво нешто, но тоа е вистината.“

Интересен факт:
негова голема желба е да стане професор по филозофија.

Одличниот Џек Глисон можете да го гледате во втората сезона на „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија достапна е и на „HBO On Demand“.

07-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ