close
Премиера
 
34296_-_254

Која е Натали Дормер (Марџери Тирел)?

„Во училиштето за драма често ми велеа дека премнoгу размислувам. Сè уште се борам да го надминам тоа, затоа што понекогаш може да биде пречка. Кога ќе започне снимањето, најдобро е да го исклучите мозокот и да се препуштите на интуицијата.“ - вели Натали за актерството.

Натали Дормер е родена на 11-ти февруари 1982 година во Рединг, Англија. Учела на „Webber Douglas Academy“ во Лондон, каде завршиле и Руперт Френд, Метју Гуд, Хју Бонвил и Мини Драјвер.

Натали стана позната по улогата на сензуалната и ранлива Ен Бојлин во драмската серија „Династијата Тудор“ на „BBC2“. Таа веќе има работено со големи имиња од светот на филмот: Деми Мур, Мајкл Кејн, Хит Леџер, Џереми Ајронс и Јуан Мекгрегор.

Нејзината улога во „Казанова“ (2005), каде играше заедно со починатиот Хит Леџер, требаше да биде далеку помала. Но, Натали толку многу го освоила режисерот Ласе Халстром со својата работа, што човекот едноставно го проширил нејзиниот дел и додал многу повеќе хумор во нејзината улога откако забележал дека одлично се снаоѓа со комедијата.



Токму поради нејзината улога во „Казанова“, Натали доби понуда за 3 филма од страна на „Disney/Touchstone“.

На фановите особено им е позната и по нејзината улога на Марџери Тирел во култната серија „Игра на тронови“ на „HBO“.

Таа самата се нарекува „црна овца во семејството“, поради фактот што избрала да биде дел од шоу бизнисот.

Натали Дормер израснала во Рединг, Беркшир, заедно со нејзиниот очув, кој бил градежен работник и мајка домаќинка. Семејството го сочинувале и помладата сестра Саманта и помладиот брат Марк.

Единствена тема на која не сака да зборува е нејзиниот биолошки татко. Нејзиното минато изгледа сосема конвенционално, сè додека не реши да се посвети на актерството.

„Дома не се согласуваа со мојата одлука, затоа што за нив актерите биле патувачки циркузанти. Очигледно дека еден дел од личноста на актерите секогаш ужива во непостојаноста, инаку не би ја работеле таа работа. Но, признавам дека понекогаш ве обзема песимизам кога ги спуштате куферите во некоја нова соба.“

Едно од нејзините последни искуства е настапот во серијата „Игра на тронови“, каде ја игра Марџери Тирел. Таа е единствена ќерка на Кнегињата Алерија Тирел и Лордот Мејс Тирел, глава на семејството Тирел. Семејството Тирел е едно од големите семејства на Вестерос и владее со Рамнините од замокот Висоградина. Марџери растела токму во Висоградина, во одлични услови. Таа е мошне блиска со нејзиниот брат, Сер Лорас Тирел, попознат како Витезот на цвеќињата. За неа се вели дека е подеднакво убава и паметна.

Интересен факт: таа ужива во мечувањето како спорт и е член на „London Fencing Academy“. Покрај тоа, Дормер е мецосопран и одлично зборува француски.

Цитат: „Сакам покер! Многу момци каде што играм покер се математичари кои играат според принципот на веројатност. Јас се потпирам само на моите инстинкти. Неодамна открив дека картите и покерот се всушност дел од мојот семеен ген.“

Натали Дормер, како Марџери Тирел, може да ја гледате во серијата „Игра на тронови“ преку услугата „HBO OD“.

05-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ