close
Премиера
 
33947_-_254

Која е Мишел Ферли (Кетлин Старк)?

Според Мишел Ферли, серијата „Игра на тронови“ е фантазиска серија со неверојатни продукциски вредности. Таа серија има за секого по нешто. Прекрасна приказна за сладострасност, моќ и освета. Оваа драма, иако сместена во светот на фантазијата, разработува основи прашања кои се прашања и проблеми кои го засегаат секое семејство на кое било место на светот.

Мишел Ферли е актерка од Северна Ирска. Таа е родена во 1964 година во Колереин, во округот Лондонери, во семејството на Тереза и Брајан Ферли, познати публицисти.

Ферли со текот на годините гради успешна актерка кариера. Се појавува во бројни британски телевизиски серии, вклучувајќи ги и „The Bill“, „Holby City“ и „Heartbeat“. Една од нејзините први улоги е улогата на убиецот Кети Мајклс во епизодата „The Way Through The Woods“, во популарната серија „Inspector Morse“.

Кога зборуваме за светот на филмот, Ферли учестувала во бројни проекти, од кои ќе ги наброиме: „Cup Cake“, „Chat Room“, „Harry Potter and the Deathly Hallows“, „The Duel“, „The Others“, „Hideous Kinky“, „A Soldier's Daughter Never Dies“ и „Hidden Agenda“.

19-ти март 2010 година ќе остане како нешто најзначајно во нејзината кариера. Токму тогаш беше објавено дека Мишел Ферли ја добива улогата на Кетлин Старк во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“. Со тоа ја замени Џенифер Или која го играше нејзиниот лик во пилот епизодата на ултра популарната серија.



Во серијата, семејството Старк е едно од највлијателните семејства во Вестерос. Тие го населуваат Северот илјадници години. Кога ќе помислите на Старк, не може да не се сетите на Кетлин Старк, моминско Тали.

Таа е родена во семејството Тали и требало да се омажи со Брендон Старк, кој бил убиен. Подоцна, стапува во брак со неговиот брат Едард Старк, со кого има пет деца - Санса, Арија, Роб, Брен и Рикон. Секако, тука е и синот на Едард со друга жена, Џон Сноу.

Во врска со нејзината улога во „Игра на тронови“, Мишел ќе изјави: „Мислам дека сите жени во серијата се многу цврсти. Тие мора да бидат јаки и цврсти со оглед на местото и времето во кое живеат.

Кетлин е мошне чесна и благородна личност. Сметам дека подобро е кога играте цврст карактер. На таквите ликови се базира серијата. Но, од друга страна, слабоста е особина која раскажува најмногу. Всушност, фактот што не може да го контролира својот гнев кон Џон Сноу е израз на слабост. Кетлин може да контролира или да се преправа дека контролира многу работи, но омразата кон Сноу не е во состојба да ја контролира.

Тоа е слабост поради некој што го сака. Во нејзиниот ум и во нејзиниот систем на вредности, таа никогаш не би го направила тоа што го направил Едард. За неа мошне е тешко да е мажена со некој кој многу го сака, а кој целосно го скршил нејзиниот свет со тоа што има дете со друга жена.“

Интересен факт: Мишел Ферли била номинирана за наградата „Лоренс Оливие“ за нејзината улога во театарската претстава „Отело“.

Цитат: „Сум работела најразични работи - слугинка, келнерка, сум одржувала градини. Но, работата која најмногу сум ја мразела е правењето шамивчиња и нивно пакување во кутија. Тоа е смртоносно здодевна работа.“

Мишел Ферли, како Кетлин Старк, може да ја гледате во серијата „Игра на тронови“ секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија може да ја гледате и преку услугата „HBO OD“.

24-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ