close
Премиера
 
33696_-_254

Која е Мејси Вилијамс (Арија Старк)?

Пред да се вљуби во актерството, Мејси посакувала да стане танчерка - од 2007 година се занимава со модерен танц, балет и гимнастика.

Мејси Вилијамс е родена на 15-ти април 1997 година во околината на Бат, Велика Британија.

Таа е млада, 15-годишна актерка, која своето актерско деби го има токму во високобуџетниот серијал на „HBO“ - „Игра на тронови“. Во серијата, таа е во улогата на Арија Старк, бунтовна девојка од благородничко семејство. За својот настап примила и сè уште прима бројни пофалби од страна на фановите и критиката. Порталот „Zap2it“ ја нарече „неверојатно возбудлива“, а „Телеграф“ смета дека таа е „едноставно фантастична“.

Покрај улогата во „Игра на тронови“, Вилијамс настапила и во тв серијата „The Secret of Crickley Hall“ на „BBC“.

Мејси продолжува да воодушевува со својата глума и во втората сезона на интригантната серија „Игра на тронови“, а „HBO“ реши да ја стави на списокот на своите најистакнати споредни актерки кои ќе бидат номинирани за престижната награда „Еми“.



Арија Старк е трето дете и воедно втора ќерка на лордот Едард и кнегињата Кетлин Старк. Има тројца браќа - Роб, Брен и Рикон, еден полубрат - Џон Сноу и една постара сестра, Санса.

Арија е девојка со немирен дух која сака борби, го истражува светот околу себе и е потполна спротивност на својата елегантна сестра Санса, која често ја нарекува „будалетинка“. Арија е снаодлива и итра, а во неа лежи голема сила која се појавува во најтешките моменти.

Има витко тело и атлетска градба, па затоа често помислуваат дека е момче. Арија го наследила изгледот и огнениот темперамент на сестрата на нејзиниот татко, Лијана. Има свој страволк кој се вика Најмирија.

Интересен факт: Мејси, иако не е левучар, за потребите на серијата научила да ја користи и левата рака. Пред почетокот на снимањето на „Игра на тронови“, со часови вежбала за да ја научи борбата со меч. На тоа инсистирала самата таа, за да остане верна на ликот и за да ги освои срцата на фановите.

Цитат: „Арија е бунтовничка и по малку личи на момче. Таа е храбра, одлучна и брзо размислува... кај неа сè е црно-бело... всушност, ме потсетува на мене!“

Одличната Мејси Вилијамс, во улогата на Арија Старк, можете да ја гледате во втората сезона на „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

16-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ