close
Премиера
 
33986_-_254

Која е Карис ван Хаутен (Мелисандра)?

Повеќето луѓе се воздржани кога се во прашање филмски магионичарки кои се занимаваат со мрачни магии, но кога ќе ја погледнете маестралната глума на Карис ван Хаутен, во улогата на Мелисандра во серијата „Игра на тронови“, веројатно ќе го промените вашето мислење.

Карис ван Хаутен е 36-годишна холандска театарска и филмска актерка. Благодарение на фактот што пораснала во семејство во кое нејзините родители имале работа поврзана со телевизија, Карис уште од најрана возраст била заинтересирана за забавната индустрија. Со глума започнала да се занимава уште за време на средното училиште. Фактот што потоа е примена на двете холандски Академии за драмски уметности е само потврда за нејзиниот голем актерски талент.

Во текот на студирањето започнала активно да се занимава со актерство. Работела и во театар и на ТВ. Нејзината меѓународна кариера започна со филмот „Black Book“ во 2006 година. Потоа следеа бројни хитови како „Valkyrie“ во 2008 година, каде настапуваше заедно со Том Круз, „Repo Men“ од 2010 година, каде колеги ѝ беа Форест Витакер и Џуд Ло, додека минатата година го сними хоророт „Intruders“, заедно со Клајв Овен.

Покрај актерството, Карис настапува и во мјузикли, а најмногу сака црн хумор и мрачни ликови. Токму благодарение на еден таков лик, свештеничката Мелисандра, можеме да ја гледаме во серијата „Игра на тронови“.



Мелисандра е харизматична, црвенокоса свештеничка и една од главните ликови во втората сезона на серијата. Нејзината религија во која се почитува Господарот на светлината е нова и непозната за жителите на Вестерос. Мелисандра верува само во еден вистински Бог и мошне е концентрирана на пророштва и визии, кои ги добива додека комуницира со оган. Според нејзиното верување, сите останати богови се демони, чии обележја треба да се уништат.

Верувајќи дека Станис Баратеон е спасител, се обидува да го преобрати. Тоа лесно ѝ тргнува од рака, а Станис ги спалува сите статуи на Седумте, поточно ги предава на Господарот на светлината. За возврат, Мелисандра му ветува помош во освојувањето на Железниот трон.

Карис ван Хаутен феноменално го претставува ликот на Мелисандра, но одлично се сноаѓа и во друг тип на улоги. Таа е голем почитувач на старите американски неми комедии, особено оние на Чарли Чаплин и Станлио и Олио. Во нејзината родна Холандија е позата и како пејачка, особено по 2010 година, кога заедно со холандската група „Kane“ се најде на врвот на топ листите.

И покрај светската слава, Карис и натаму живее во Холандија. Тврди дека нема ништо против Холивуд и САД и дека ќе продолжи да снима филмови таму, но дека тој начин на живот не ѝ одговара.

Интересен факт:
Јелка ван Хаутен, сестрата на Карис, исто така е мошне популарна во Холандија и се занимава со актерство и пеење.

Цитат: „Многу ми се допаѓа една изрека која вели: Однесувај се нормално, бидејќи природно си доволно луд.“

Карис ван Хаутен, во улогата на Мелисандра, може да ја гледате во втората сезона на серијата „Игра на тронови“, секој понеделник во 20:05 часот на „HBO“. Секако, серијата може да се следи и преку услугата „HBO OD“.

25-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ