close
Премиера
 
33516_-_254

Која е Емилија Кларк (Денерис Таргариен)?

Емилија Кларк во една прилика изјавила: „Да не сум актерка, ќе бев архитектка, пејачка или графички дизајнер.“ На наша среќа, таа успеа во светот на филмот и сега уживаме гледајќи ја во улогата на Денерис Таргариен во серијата „Игра на тронови“.

Емилија е родена во 1987 година во Лондон. Таа израснала, се школувала и дипломирала во Британија, на катедрата за глума на прочуениот лондонски Драмски центар. Уште како 13 годишна девојка добила мала улога како гостинка во британската ТВ серија „Doctors“, но сѐ до крајот на школувањето била посветена исклучиво на театарските претстави. По студирањето ја добива и првата филмска улога, во научно-фантастичниот тв филм „Triassic Attack“.

Може слободно да се каже дека покрај неспорниот талент кој го поседува, Емилија има и многу среќа во својата кариера. Имено, веќе следната улога која ја доби е онаа по која ја запозна целиот свет - ликот на Денерис Таргариен. Првобитно, улогата била наменета за нејзината сонародничка Тамзин Мершант, која дури и ја сними пилот серијата. Сепак, за среќа на Кларк, продуцентите се одлучиле да побараат нова актерка за улогата, а сцените во кои се појавува Данерис се снимени одново.

Покрај светска слава, оваа споредна улога на Емилија Кларк ѝ донесе 2 актерски призанија: наградата „Gracie Allen“ за најдобра млада актерка во подем и номинација за „Screen Actors Guild Award“.



Денерис Таргариен е принцеза од семејството Таргариен, родена е на островот Аждеркамен во замокот Аждертон. Носи во себе аждерска крв и е потомок на големите лордови од древниот град Валирија. Тоа наследство може да се види во заслепувачката убавина, индиго очите и платинесто-белата коса, по што се познати Данерис и нејзиниот брат Висерис.

По смртта на двајцата родители, Денерис и нејзиниот брат остануваат без заштита. Како прогоненици, без никакви средства за живот, живеат по други градови и на крајот завршуваат во Пентос кај Илирио. Таа и нејзиниот брат ја договараат нејзината свадба со Кал Дрого од Дотраките, убедени дека така ќе создадат силен воен сојуз, кој ќе му помогне на Висерис да дојде до Железниот трон.

Бракот со Дрого и новиот скитнички начин на живот ја исплашил 13-годишната девојка. Меѓутоа и покрај сите проблеми низ кои поминувала, Денерис успева да се издигне до ниво на почитувана калиса. Покрај својата младост, упорност и мудрост, Денерис поседува уште нешто што е мошне вредно и моќно - три аждери, за кои се смета дека изумреле многу векови претходно.

Интересен факт: Емилија Кларк оваа година се најде на списокот на 99 најпосакувани жени на светот, во избор на популарното машко списание „Ask Men“.

Цитат (во врска со улогата на Денерис): „Понекогаш се чувствувам како дете оставено на страна - чудна личност со сребрена коса, со која никој не сака да зборува.“

Емилија Кларк во улогата на Денерис Таргариен можете да ја гледате во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“, секој понеделник во 20:05 часот. Серијата може да се гледа и преку услугата „HBO OD“.

14-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ