close
Премиера
 
34128_-_254

Која е Гвендолин Кристи (Бриен од Тарт)?

Гвендолин Кристи е британска актерка. Како дете тренирала гимнастика, но по една повреда на ‘рбетот, морала да се откаже од својата спортска кариера. Подоцна го избрала актерството како професија.

Гвендолин има настапувана во повеќе претстави, од кои ќе ги издвоиме: „Доктор Фауст“, „Појадок кај Тифани“, „Гилгамеш“, „Правда“ и „Големите очекувања“. Има и неколку помали филмски улоги, а една од нив е во филмот „The Imaginarium of Doctor Parnassus“. Сепак, улогата во „Игра на тронови“ е нејзината прва голема улога.

Таа ја игра Бриен, слугинка од Тарт, која за првпат се појавува во втората сезона на серијата. За нејзината улога таа напорно тренирала, со цел да биде во одлична физичка кондиција. Таа ја скратила својата долга коса и ги прочитала сите книги, за да ја запознае својата улога до најситни детали.

Кристи пораснала во мало селце во Јужен Доунс, Англија. Во 2005 година дипломирала на „Drama Centre London“ и живее во главниот град. Нејзината висина од 1.91 метри го мотивирала фотографот Поли Борланд да направи серија фотографии со неа. Тој ја пронашол Кристи во еден бутик во Брајтон, каде работела како продавачка.

Во јули 2011 година, Кристи е одбрана на кастингот за улогата на Бриен за втората сезона на „Игра на тронови“. Нејзиниот лик во серијата е сè она што Кристи го поседува - невообичаена висина, мускулесто тело и светол тен.



За подобро да се подготви за аудициите, таа започнала да носи унисекс гардероба и со тоа полесно да навлезе во машката страна на Бриен. Актерката започнала сериозен тренинг режим со кој ја зголемила својата мускулна маса за 6.4 килограми. Според Џорџ Мартин, таа ја добила улогата едногласно откако на аудцијата се појавила како Бриен која тие ја замислувале. По добивањето на улогата, таа започнала да изучува коњички спортови, мечување и сценски борби.

Бриен е единственото преживеано дете на лордот Селвин Тарт. Таа израснала на Тарт, остров во Тесното море, кој се наоѓа близу до брегот на Буроземје. Жителите на Буроземје се лојални на семејството Баратеон од Бурекрај. Бриен е невообичаено висока и мускулеста за жена според стандардите на Вестерос. Уште како дете ги засакува воените вештини и сонува да стане витез.

Бриен се придружува на силите на Ренли Баратеон во Војната на петте кралеви. Таа го заслужила своето место откако победила на еден турнир. Потоа, била повикана да се приклучи кон Кралската стража на Ренли, без оглед што е жена и што нема титула.

Интересен факт: веб страницата Winteriscoming.net ја стави Гвендолин Кристи на списокот на актерки кои би можеле да ја играат Бриен од Тарт, и тоа неколку месеци пред да биде најавена аудицијата за таа улога. Еден голем ентузијаст испратил електронска порака до нејзиниот агент за да го информира.

Цитат (дали луѓето ја препознаваат): „Мислам дека тоа е вистинска реткост. Особено поради тоа што постои голема разлика од тоа како изгледам во серијата, до тоа како изгледам во вистинскиот живот. Луѓето отсекогаш зјапале во мене поради височината, но не поради тоа што сум славна. Мислам дека тоа нема да ми се случи. Едноставно, не можам да замислам зошто на некого воопшто би му здодевале. Можеби сум наивна.“

Гвендолин Кристи, во улогата на Бриен од Тарт, можете да ја гледате во серијата „Игра на тронови“ на „HBO“, секој понеделник од 20:05 часот. Вашата омилена серија е достапна и преку услугата „HBO OD“.

30-05-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ