close
Премиера
 
43066_-_254
Извор: HBO

Колку сезони ќе има „Игра на тронови“?

Еден од продуцентите на ултрапопуларната серија „Игра на тронови“ најави дека е можно серијата да има седум епизоди.

Минатата недела серијата се закити со „BAFTA“ награда од публиката. По добивањето на наградата, продуцентот Френк Воглер најави дека серијата сигурно ќе има барем уште четири сезони.

Воглер изјави: „Постојано дискутираме за бројот на сезони. Третата сезона се базира на првата половина од третата книга, додека четвртата ќе ја опфати втората половина од таа книга. Џорџ веќе ги напиша четвртата и петтата книга, додека шесттата и седмата се во подготовка. Ако гледачите така сакаат, се надевам дека ќе имаме барем седум сезони.“

20-05-2013 | Извор: Radio Times
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ