close
Премиера
 
44682_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Исландскиот бенд Сигур Рос во новата сезона на „Игра на тронови“

Учеството на инди бендови во „Игра на тронови“ станува веќе традиција.

Имено, исландската поп-арт сензација Сигур Рос ќе се појави во четвртата сезона на серијата. Јон Пор Биргисон, Георг Холм и Ори Пал Дирасон се веќе на снимање во Хрватска.

Иако нема најава која ќе биде нивната улога, со оглед дека се музичари веќе можеме да погодуваме. Најверојатно во ова прсти вмешале Бениоф и Вајс кои веќе долго време се фанови на Сигур Рос и често ги слушаат нивните нумери за време на снимањата на Исланд.

Во претходните сезони, The National („The Rains of Castamere“) и The Hold Steady („The Bear and Maiden Fair“)исполнуваа нумери инспирирани од серијалот книги „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Мартин. Обете песни се дел од саундтракот на „Игра на тронови“. Покрај тоа, како гости во серијата се појавија и музичари од Snow Patrol и Coldplay.

Сигур Рос гостуваа и во „Симпсонови“ минатата година, а се подготвуваат и за американска турнеја. Останува да почекаме до март и да видиме како ќе нè изненадат во новата сезона.

12-09-2013 | Извор: Entertainment Weekly
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ