close
Премиера
 
44061_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Индира Варма како Еларија Сенд во „Игра на тронови“

Покрај веќе најавените два нови члена на екипата на „Игра на тронови“, веќе се зборува и за трет нов актер кој ќе се појави во четвртата сезона.

Според „EW“, англиската актерка Индира Варма ќе се најде во улогата на Еларија Сенд. Еларија е љубовничка на Оберин Мартел од Дорн кој ќе биде портретиран од страна на актерот Педро Паскал.

Варма е веќе позната на фановите на „HBO“ со оглед дека таа ја играше Ниоби, сопругата на Лусиус Воренус во серијата „Рим“. Таа е трет актер од екипата на „Рим“ која се придружува кон „Игра на тронови“. Претходно, тоа го направија Кирон Хајндс (Менс Рејдер) и Тобајас Мензис (Едмур Тали).

Индира Варма е позната и по бројните театарски настапи, а во Британија ја протретираше и сопругата на Џон Лутер во серијата „Luther“ на „BBC“.

29-07-2013 | Извор: HBO Watch
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ