close
Премиера
 
40346_-_254
Извор: HBO

Изложба „Игра на тронови“ во пет градови

Планирана како претходница на премиерата на третата сезона на „Игра на тронови“, започнува изложбата посветена на серијата.

Големиот број на орудија, униформи, мечови, штитови и многу други предмети нема да бидат оставени во некое складиште чекајќи ја четвртата сезона туку ќе бидат изложени за да може да ги видат сите фанови на на оваа епска серија.

Изложбата ќе има постановки во 5 градови: Торонто, Њујорк, Сао Паоло, Амстердам и Белфаст.

Покрај предметите, на изложбите ќе има и интерактивна симулација на Битката кај Црновода, која се случи на крајот на втората сезона. Секако, ќе може да се погледне и Железниот трон, да седнете на него и да се фотографирате.

Првата изложба (влезот ќе биде бесплатен) ќе се одржи во Торонто, на 9-ти март.

22-02-2013 | Извор: Los Angeles Times
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ