close
Премиера
 
32057_-_254

Играј „Игра на тронови“!

До премиерата на втората сезона на возбудливата „Игра на тронови“ нѐ делат помалку од две недели! За да го скратиме тоа време на забавен начин, одлучивме да организираме награден предизвик за сите фанови, а главната награда е неверојатна!

Предизвикот е едноставен: ние прашуваме - вие одговарате. На секое од 15-те наградни прашања постои само еден точен одговор. Но, бидете внимателни, бидејќи прашањата не се едноставни, исто како и „Игра на тронови“. Натпреварувачот кој прв ќе одговори точно на најголем број на прашања, на 31 март го носиме на ексклузивна претпремиера на првата епизода од втората сезона на „Игра на тронови“ во Дубровник, чии прекрасни средновековни ѕидини послужија како кулиси за престолнината на Вестерос - Кралебран. Покрај проекцијата, наградата вклучува и разгледување на локациите на снимање и пат и сместување за победникот, во придружба на уште едно лице.

Освен главната награда, за вас подготвивме и маици со грбовите на седумте кралевства на Вестерос. Секој од следните седум најбрзи натпреварувачи кои одговориле точно на највеќе прашања, ќе го наградиме со една „Игра на тронови“ маица.

Наградното натпреварување почнува во среда, 21 март 2012, а завршува во недела, 25 март 2012, во 23:59 часот.

Имињата на сите добитници ќе бидат објавени на веб страницата www.HBO.mk во понеделник, 26 март 2012, а известувањето ќе биде достапно најмалку еден ден.



Во ова наградно натпреварување може да учествуваат само полнолетни лица (18 години и повеќе) кои се претплатници на „НВО“ и кои живеат во Македонија! Учесниците со помалку од 18 години нема да бидат помеѓу кандидатите за наградите.

Доколку кандидатот не достави важечки контакт информации или не поседува важечки пасош, наградата оди во рацете на следниот кандидат кој точно одговорил на најмногу прашања.

„Игра на тронови“ се базира на популарниот фантазиски серијал „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин и нѐ води на незаборавно патување во големото фантазиско кралевство чии краеви ги тресат предавства, интриги и натприродни сили, а низ него дивее епска борба за власт. Доколку сте пропуштиле некој детал или едноставно сакате да се потсетите на првата сезона од овој возбудлив серијал - погледнете ја на „НВО“ и „HBO OD“.

Одговорете точно на што поголем број прашања, прошетајте низ Кралебран и станете дел од магичниот свет на Вестерос.

Дали сте подготвени?

21-03-2012
„Игра на тронови“ II награден квиз

Предизвикот е едноставен: ние прашуваме - вие одговарате. На секое од 15-те наградни прашања постои само еден точен одговор. Но, бидете внимателни, бидејќи прашањата не се едноставни, исто како и „Игра на тронови“.

Како се вика страволкот на Џон Сноу?
Како е наречен престолот на кој седи кралот на Вестерос?
Пајк е замок на кое семејство?
Како се вика актерот кој за улогата во серијата „Игра на тронови“ на „НВО“ освои Еми и Златен глобус?
Кој хрватски град послужи како кулиса за Кралебран?
Како се вика континентот на кој се прогонети Денерис и нејзиниот брат Висерис?
Кој е глава на семејството Ланистер?
Името на народот Дотраки потекнува од зборот...
Колку аждерски јајца доби на подарок Данерис?
Шандор Клиган је познат по надимакот...
Со Ноќната стража командува?
Колку деца имаат Едард и Кателин Старк?
Како се вика ликот кој прв ќе загине во серијата „Игра на тронови“?
Како се вика синот на касапот, кој Арија се обиде да го спаси од Џофри?
Кој ја грабна Лијана Старк, сестрата на кнезот Едард Старк?
Морате да бидете најавени за да ги испраќате Вашите одговори! Најавете се Првин мора да ги прифатите правилата! Ги прифаќам правилата

Во ова наградно натпреварување може да учествуваат само полнолетни лица (18 години и повеќе) кои се претплатници на „НВО“ и кои живеат во Македонија! Учесниците со помалку од 18 години нема да бидат помеѓу кандидатите за наградите.

Доколку кандидатот не достави важечки контакт информации или не поседува важечки пасош, наградата оди во рацете на следниот кандидат кој точно одговорил на најмногу прашања.

Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ