close
Премиера
 
43435_-_254
Извор: HBO

Започнува снимањето на четвртата сезона на „Игра на тронови“

Најголем број од фановите на „Игра на тронови“ се неутешни. Третата сезона заврши, а за четвртата ќе мораме да почекаме барем до следната пролет.

Сепак, интересно е да се знае дека актерската екипа на „Игра на тронови“ за еден месец започнува да ја снима четвртата сезона. Во новата сезона ќе биде опфатена втората половина од третата книга од серијалот „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Мартин.

Покрај тоа, Мартин ја завршува шестата книга со наслов „The Winds of Winter“ и веќе ја планира седмата која е насловена како „A Dream of Spring“.

Во врска со новата сезона, Дејвид Бениоф изјави: „Во третата сезона веќе претставивме многу нови ликови. Не можам сега да одговорам што ќе изоставиме, а што ќе прикажеме од четвртата книга, но мораме да ја задржиме хронологијата. Сепак, од финансиска гледна точка, не можеме да си дозволиме секоја нова епизода да има нови ликови и да се снима на нова локација.“

Неговиот колега Ден Вајс е повеќе загрижен од тоа дали Мартин ќе успее да гозаврши циклусот книги на време или серијата ќе биде побрза од него. На Мартин, за последната, петта книга, му требаа пет години, а објавена е во 2011 година.

Но самиот Мартин не е воопшто загрижен. изјави дека креаторите на серијата имаат доволно материјал и без проблем може и натаму да ја снимаат серијата. „Сè уште сум во предност поради неколку големи романи кои не се екранизирани. Доколку креаторите вклучат сè што има во книгите нема да можат да ме стигнат. Во спротивно, не очекуваат мошне интересни разговори.“

17-06-2013 | Извор: HBO Watch
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ