close
Премиера
 
39090_-_254
Извор: HBO

Започнува производство на пиво „Игра на тронови“

Направете место во вашите фрижидери за пивото „Игра на тронови“.

„HBO“ започна соработка со една пиварница во Њујорк со цел на фановите да им овозможи едно навистина несекојдневно уживање во третата сезона на серијата. Станува збор за пиво со тема од серијата. Навистина одличен подарок за сите љубители на пивото и „Игра на тронови“.

Пиварницата „Ommegang“ планира да го пушти во продажба првото од серијата пива со име „Iron Throne Blonde Ale“на 31-март следната година, токму на денот на премиерата на третата сезона. Пивото ќе се продава во пакување од 750 милилитри. Второто од серијата пива треба да се појави на пазарот следната есен.

Интересно е дека „HBO“ реши да соработува со релативно мала белгијска пиварница која работи во САД. Но за сите познавачи на квалитетното пиво ова е одличен избор со оглед дека средновековно пиво тешко дека може да се произведува од страна на „Бадвајзер“.

Оваа идеја е навистина интересна, особено што пиењето е неизоставен дел од серијата. Покрај пијалаците, од неодамна се продава книга готвач со рецепти од серијата, а иста таква е напишана и за серијата „Вистинска крв“.

19-12-2012 | Извор: CinemaBlend
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ