close
Премиера
 
43868_-_254
Извор: HBO

Започна снимањето на четвртата сезона на „Игра на тронови“

Во тек е снимањето на четвртата сезона на „Игра на тронови“. Затоа, очекувајте спојлери и многу фотографии од снимањето.

Оваа сезона ќе го опфати дејствието од втората половина на книгата „A storm of swords“ на Џорџ Р. Р. Мартин, која воедно е и трета книга од серијалот. Како и досега, ќе бидат направени некои промени и ќе бидат додадени некои настани од четвртата и петтата книга кои хрoнолошки течат заедно.

Снимањето се случува во Северна Ирска, потоа продолжува во Исланд до 20-ти август, кога екипата се сели во Хрватска. Сè уште нема потврда дали локациите во Мароко ќе бидат дел и од оваа сезона.

Со објавувањето на кастинотг за Оберин Мартел, многу е веројатно да го видиме него со една цел - освета за бруталното силување и убиство на неговата сестра од страна на Грегор Клигејн. Исто така, со враќањето на Лејди Лиса Арин очекуваме да видиме дали Питир Малопрст ќе го одржи ветувањето дека Ланистерови ќе ја добијат верноста на Арин.

Фокусот ќе биде и врз Станис Баратеон кој маршира кон Ѕидот, како и на Јанос Слинт и Алисер Торн кои треба повторно да се појават во Црниот замок. Неил Маршал, режисерот од „Blackwater“, ќе се врати да ја режира сцената на голема битка од книгите, а според информациите, таа ќе се одвива на Ѕидот.

09-07-2013 | Извор: Yahoo! TV
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ