close
Премиера
 
44545_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Замена за Грегор Планината во „Игра на тронови“

Сер Грегор Клигејн ќе биде заменет од страна на еден исландски каскадер во четвртата сезона.

„HBO“ потврди дека Хафпор „Тор“ Бјорнсон се придружи на екипата од серијата „Игра на тронови“ и најверојатно ќе биде замена за Сер Грегор Клигејн.

Овој човек кој е висок над 2 метри нема професионално актерско искуство, но има освоено бројни награди. Трипати по ред, на само 24 години, е избиран за „Најсилен човек на Исланд“, а минатата година го освои „само“ третото место.




Според новинарските информации тој најнапред е забележан во Белфаст каде се снимаше претходно серијата, а сега е со остатокот од екипата во Дубровник каде продолжи снимањето на четвртата сезона.

Во првата сезона „Планината“ го играше Конан Стевенс, во втората Ијан Вајт, додека во третата сезона тој воопшто не се појави во серијата. Останува непознато дали овој Исланѓанец ќе има реплики во серијата или ќе послужи исклучиво како замена за Грегор.


(Photos: HBO, Facebook)

05-09-2013 | Извор: Winter is coming.net
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ