close
Премиера
 
41490_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Заврши љубовната сага меѓу Сет Мекфарлејн и Емилија Кларк

По сè изгледа заврши романсата помеѓу Сет Мекфарлејн и Емилија Кларк од „Игра на тронови“.

Според пишувањето на „E! News“, на 39-годишниот комичар и 25-годишната актерка им се раздвоиле љубовните патишта. Според еден извор, главната причина лежи во фактот што постојано биле разделени - Кларк во Европа на снимањето на третата сезона од серијата, а Мекфарлејн во Калифорнија.

За првпат парот беше забележан на забавата по доделувањето на „Еми“ наградите која ја организираше „HBO“ во Холивуд минатиот септември. Врската траела кратко, но тие остануваат и натаму пријатели.

Што се однесува до нивните работни ангажмани, Сет беше водител на „Оскар 2013“, додека Емилија, покрај во „Игра на тронови“, ќе ја видиме и во „Појадок кај Тифани“ на Бродвеј.

23-03-2013 | Извор: E! Online
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ