close
Премиера
 
16004_-_254

Дали знаете...? „СПАРТАК: КРВ И ПЕСОК“

...дека најновите истражувања на гробниците на гладијаторите во денешна Турција, покажуваат дека борците најверојатно биле на вегетаријанска исхрана, која се состоела од житарки и мешунки, со цел да се зголеми нивното тело во пределот околу абдоменот? Таа исхрана довела до создавање на слој од мускули и сало кои потоа ги штителе виталните органи на борците доколку биле прободени или пресечени. Некои од муралите ги прикажуваат гладијаторите со огромни гради во форма на буре.

...дека според историчарите, повеќе од 90% од гладијаторите ги преживеале борбите?

...дека во серијата, Еномаус (Питер Менса) е прикажан како африканец, иако според историчарите тој бил гал?

...дека побуната на Спартак започнала така што бунтовниците започнале да користат кујнски прибор како оружје. Дури подоцна успеале да дојдат до мечови?

...дека во серијата Батиатус купил 6 робови за 100 римски денарии. Во тоа време, просечната цена на робот се движела помеѓу 960 и 4.000 денарии, додека најефтиниот роб чинел само 75 денарии?

...дека Барса, во серијата, е опишан како картагинец кој е последен преживеан по падот на Картагена? Но, Картагена е уништена од страна на Рим во 146-тата година пред Христа (на крајот на третата Пунска војна), односно 70 години пред времето во кое е сместена серијата?

...дека во серијата се прикажува амбицијата на Батиатус да стане магистрат или сенатор? Но, тоа било речиси неверојатно, со оглед на тоа што на сопствениците на робови, кои во тоа време биле многу непопуларни поради својата професија, им било забрането да станат магистратори или сенатори. На сопствениците на гладијатори се глаедало како на месари (lanius) или подведувачи (leno). Од друга страна, амбициите на Батиатус во серијата се прикажуваат како тотално нереални.

29-04-2011
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ