close
Премиера
 
34596_-_254

Дали знаете...? - „Игра на тронови“

...повеќето актери од серијата „Игра на тронови“ не ги прочитале сите книги според кои се снима серијата. Тие велат дека не сакаат да ја знаат судбината на ликовите кои ги играат, со цел тоа да не им влијае негативно на нивната глума.

...за ликот на Тирион Ланистер немало аудиција, затоа што продуцентите од самиот почеток сакале таа улога да му припадне на Питер Динклиџ.

...нешто слично се случило и со Шон Бин. Меѓутоа, во овој случај е одржана аудиција со цел да се има резервен актер, доколку Бин ја одбие улогата.

...улогата на Санса Старк е првото сериозно актерско искуство на Софи Тарнер. Интересно е дека таа уште како мала сакала да стане актерка и од три години е член на театарската група во Ворвик, Британија каде што живее и сега.

...Софи Тарнер и Мејси Влијамс, која ја игра Арија Старк, се запознале за време на снимањето на серијата и стануваат неразделни другарки. Мејси не ги читала книгите на Мартин, затоа што нејзината мајка сметала дека не одговараат на нејзината возраст.



...Питер Вон (Мајстер Емон), и покрај длабоката старост (има 89 години) и понатаму активно се занимава со актерство. Во својата долга и успешна кариера никогаш не правел пауза подолга од една година.

...улогата на Керсеј Ланистер, Лина Хедеј, ја добила благодарение на препораката на нејзиниот долгогодишен пријател Питер Динклиџ.

...едно од омилените Јутјуб видеа на Николај Костер-Валдау е видеото кое трае 10 минути, а направено е од монтирана и безброј пати повторена сцена во која Тирион Ланистер му влепува шлаканица на Џофри Баратеон.

...Џек Глисон, кој го игра ликот на Џофри Баратеон, добил писмо од Џорџ Мартин, во кое авторот на „Песна за мразот и огнот“ напишал: „Ти честитам на одличната глума. Асполутно сите те мразат!“

...Алфи Ален (Теон Грејџој) е помлад брат на популарната британска пејачка Лили Ален. Една од нејзините најпознати песни „Alfie“ е посветена токму на нејзиниот брат.

...Џорџ Р. Р. Мартин им открил на продуцентите како би сакал да заврши серијата доколку се случи да почине пред да заврши со пишувањето.

15-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ