close
Премиера
 
18516_-_254

Дали знаете...? - „Игра на тронови“

...дека температурата на огнот на кој калот Дрого го топи златото (судејќи по бојата на пламенот) е околу 1300°C; тоа е сосема доволно за да се стопи чисто злато чија точка на топење е 1064°C. Но, тоа е возможно само ако лонецот е од железо. Доколку лонецот е од бронза, тој ќе се стопи и пред златото, со оглед дека точката на топење на бакарот е само за 20 степени пониска од онаа на златото.

...дека „Сноу“ e прекар кој им се дава на копилињата родени на Север?

...дека јазикот на Дотраки го создал Дејвид Џ. Петерсон, професор по лингвистика на „Беркли“. Тој го создал и јазикот на Белите талкачи.

...дека Мејзи Вилијамс, која ја игра Арија Старк, научила да мачува со лева рака, иако повеќе ја користи десната рака? Имено, Арија во книгата е левучарка.

...дека секоја алка на синџирот на големите мајстори на Вестерос е направена од различен метал кои ги претставуваат подрачјата во кои тие се вешти? На пример, среброто значи дека мајсторот учел медицина.

...дека валирискиот челик е метал за кој се верува дека има магични својства. Тајната за начинот на негова изработка е загубен и поради тоа кој било меч направен од тој метал се смета дека има непроценлива вредност. Големиот меч на Едард Старк, со кој на почетокот на серијата му ја отсече главата на дезертерот од Ноќната стража, е еден од тие мечови.

...дека страволците се всушност кучиња од расата хаски.

...дека тронот на Арин е направен од три големи парчиња дрво, кои потоа се споени. Била потребна дигалка за да се тргне тронот од сцената на снимање.

...дека авторот Џорџ Р.Р. Мартин на прашањето дали постои решение на бесконечната борба, одговорил дека крајот ќе биде облак прашина или снег кој ветрот го носи преку големите гробишта преполни со надгробни споменици.

...дека серијата, помеѓу другото, е посветена и на Каролин Беноист, тренинг учителот на животните, која починала од свински грип за време на продукцијата.

27-06-2011
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ