close
Премиера
 
32041_-_254

Втората сезона на „Игра на тронови“ ексклузивно на „HBO“ од 2-ри април!

Не ја пропуштајте премиерата на втората сезона на драмската серија „Игра на тронови“, добитник на Еми и Златен Глобус. Премиерата ќе можете да ја погледнете на 2-ри април во 20:05 часот на „HBO“, само еден ден по американската премиера.

Војната доаѓа во Вестерос. Додека се издигнуваат студени ветрови, пет кралеви се борат за власт. Се договараат и раскинуваат различни сојузи, се преиспитуваат идентитети, а страстите дивеат. Влоговите се поголеми од било кога - кој ќе го преживее хаосот и ќе седне на Железниот трон?

„Игра на тронови“ е епска драма сместена во фантазискиот свет на Вестерос, базирана на серијалот „Песна за мразот и огнот“ на авторот Џорџ Р. Р. Мартин. Во земјата во која летата и зимите можат да траат со години, живеат амбициозни мажи и жени - и чесни и оние кои во борбата за власт не се плашат од ништо.

Зимата, периодот на белиот гавран, се приближува со голема брзина. Во Кралебран, на железниот трон седи младиот и брутален Џофри. Советничка му е неговата подла мајка Керсеј, додека функцијата на кралски намесник ја има неговиот мудар вујко Тирион.



И додека Ланистерови грчевито се борат до го задржат Железниот трон, нападите доаѓаат од сите страни. Синот на Нед Старк, погубениот владетел на Сурозимјето, Роб Старк, на фронтот го заробува Џејми Ланистер и бара независност за северните краеви. Данерис Таргариен го осигурува засилувањето за својата исцрпена војска од исток - на нејзината страна се борат три аждери. Станис Баратеон, брат на покојниот крал Роберт, не го признава правото на железниот трон на Џофри и се здружува со моќната свештеничка за да го нападнат од море. Ренли, харизматичниот брат на Станис, исто така ги задржал своите претензии кон престолот по бегството од Кралебран. Во меѓувреме, помеѓу дивјаците северно од Ѕидот, својата позиција ја зацврстува новиот водач. Со тоа, работата на Ноќната стража и на Џон Сноу станува сѐ потешка.

Сојузи, предавства, јунаштво, интриги, страсти, натприродни сили и прекрасни пејсажи - втората сезона на „Игра на тронови“ ве води на незаборавно патување, а на вас останува само да му се препуштите.

20-03-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ