close
Премиера
 
38727_-_254
Извор: HBO

Видео за третата сезона на „Игра на тронови“

Се приближува премиерата на третата сезона на „Игра на тронови“. Веруваме дека за фановите ова е една од најважните вести од ТВ индустријата.

Токму поради тоа, се појави и ново видео во кое се зборува за новите сцени, костимите, локациите и самите ликови. Видеото започнува со разговор со креаторите на серијата Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс.

Некои од членовите на екипата исто така се појавуваат во видеото и зборуваат за костимите и снимањето на сцените кои се дел од новата сезона. Се зборува и за новите актери кои ќе се појават, а некои од нив се појавуваат и во самото видео. Секако актерите од оригиналната постава и натаму го водат главниот збор.

Од новите актери во третата сезона ќе може да ги гледаме Кијаран Хајндс во улогата на Менс Рајдер, како и Ед Скреин, Џејкоб Андерсон, Клајв Расел, Тобијас Мензис, Дајан Риг, Мекензи Крук и уште неколку други имиња.

Премиерата на третата сезона на „Игра на тронови“ е закажана за 31-ви март 2013 година.

04-12-2012 | Извор: CinemaBlend
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ