close
Премиера
 
38487_-_254
Извор: HBO

Апликација за книгите „Игра на тронови“

Ако ги читате книгите од серијалот „Игра на тронови“ според кои е снимена и популарната серија на „HBO“, тогаш веќе знаете колку е напорно да се поврзат и запомнат илјадници ликови, места и времето на настаните во овој свет на фантазијата.

Сепак, за сите читатели, има навистина убава вест. Имено, овој серијал книги на Џорџ Мартин добива официјална апликација која ќе ви помогне да знаете што се случува.

Апликацијата „A World of Ice and Fire“ ($1.99) за iOS корисниците ќе биде пуштена наредниот вторник. Таа содржи профили на 540 ликови и 380 места, од замоци до градови, најголемите семејства, како и интерактивни мапи на светот. Ќе биде пуштена и бесплатна верзија на апликацијата, но таа ќе содржи само детали за осумте главни ликови од првата книга. Водичите за наредните четири продолженија чинат по 0.99 долари.

Апликацијата содржи и антиспојлер функција, односно ќе ги открива само оние информации до каде сте стигнати со читање. Инаку, ова е прва апликација за книгата. „HBO“ овозможи апликација за серијата во која има сцени зад кулисите, интеркативни мапи и дополнителни информации за приказната.

28-11-2012 | Извор: Mashable
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ