close
Премиера
 
40811_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Аманда Пит во пилот епизодата на новата серија „Togetherness“

Аманда Пит ќе ја има една од главните улоги во новата серија „Togetherness“. Браќата Марк и Џеј Дуплас се сценаристи, режисери и извршни продуценти на пилот епизодата на оваа хумористична серија на „HBO“.

Пред два месеци „HBO“ даде зелено светло за снимање на пилот епизода од серијата „Togetherness“. Дејствието се врти околу два пара кои живеат под ист покрив. Тие се борат за нивните врски додека секој настојува да ги исполни и своите лични соништа. Пит ќе ја игра Тина Морис, енергична и убава жена која е модерна, забавна и паметна. Таа се сели од Хјустон во Лос Анџелес каде доаѓа да живее со нејзината сестра Мишел Пирсон (Мелани Лински) и нејзиниот сопруг Брет. Заедно со нив живее и Алекс (Стив Зисис) кој е пријател на Брет и актер кој останал без свој дом.

Оваа вест за улогата на Пит доаѓа веднаш по соопштението од „Manhattan Theater Club“ кои обзнанија дека првата драма на Пит со наслов „The Commons Of Pensacola“ ќе се постави на сцената следната сезона. На големото платно, Пит се појави во „Identity Thief“, а ќе има улога и во серијата „The Good Wife“.

Интересно е дека нејзин сопруг е Дејвид Бениоф, еден од креаторите на „Игра на тронови“.

19-03-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ