close
Премиера
 
17639_-_254

Џорџ Р.Р. Мартин: „Мраз и оган е клучна за ИГРА НА ТРОНОВИ“

Кога на Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на бестселер серијата на книги „Песна за мразот и огнот“, му е предложено да се адаптира неговот дело во HBO серија со наслов „ИГРА НА ТРОНОВИ“, тој бил воздржан.

„Имав 15 години искуство во пишување на проза пред да почнам да работам на телевизија, за што ги напишав „Зона на самракот“ и повеќе други емисии. Работев и на развивање на пилот епизоди и некои играни филмови. Кога пишував за ТВ, сите ми велеа сека првите нацрти на моите приказни се преамбициозни и скапи, но тие ми беа најдраги.“

„Така започнав да ја пишувам „Песната за мразот и огнот“. Бев уморен од сите ограничувања кои ги наметнува Холивуд. Сакав да напишам сѐ што ќе ми падне напамет, нешто што има стотици ликови, дворци, змејови и борби.“ Така, Мартин стана еден од најпознатите автори на бестселери на денешнината, а списанието „Times“ го пофали со реченицата: “Од сите автори кои работат на величествена епска фантазија, Мартин е најдобар.“

Опишувајќи го светот од „Песната на мразот и огнот“, Мартин ќе каже: „Мразот и огнот се клучни за светот на Вестерос и за светот на „ИГРА НА ТРОНОВИ“. Тоа е свет во кој годишните времиња се менуваат во неправилни периоди, а можат да траат со години или децении: зборовите „доаѓа историска зима“ имаат буквално значење во Вестерос. Но, тие имаат значење и надвор од тој свет - зимата доаѓа за сите нас, во нашите животи секогаш постојат периоди на темнина, тага и смрт.“

Мартин изјави: „Работев десет години во Холивуд и адаптирав многу дела на други автори, така што тој процес ми е добро познат. Секогаш се плашите кога го продавате своето дело, бидејќи може да остане само насловот, а да се промени сѐ друго и на тој начин да се изгуби поентата. Но, кога се сретнав со креаторите на серијата, Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс, ми беше јасно дека ги разбираат книгите и дека сакаат да создадат точна адаптација.“

Иако „ИГРА НА ТРОНОВИ“ е фантазија, при создавањето на Вестерос и борбата за моќ, Мартин инспирација наоѓал во војната на розите и средновековните крстоносни војни. „Фантастиката е позабавна и повозбудлива верзија на историјата. Сакам да земам работи кои имаат историски корен, но во исто време се свежи и неочекувани. Луѓето секогаш повеќе ме интересирале. Сакав книгите да бидат фантазија, но и да имаат допир со историјата.“

За многу елементи од својата приказна наоѓал инспирација и во своето сопствено животно искуство. „За време на мојата прва посета на Обединетото Кралство, се возев до ѕидот на Хадријан. Размислував за тоа како се чувствувал римскиот легионер, некој од Шпанија или Италија, некој кој е пратен на тоа место кое некогаш се сметало за крај на светот. Се прашував што се се крие во оваа потполна дивина и какви чудовишта живеат. Секако, сега знаеме дека зад тој ѕид се наоѓаат шкотите, но она што ми остана на ум е чувството дека постои нешто непознато.“

„ИГРА НА ТРОНОВИ“ е фантазија со малку елементи на магија. Сметам дека премногу магија може да ја уништи фантазијата. Кога сите имаат магична супермоќ, тогаш тоа се претвора во приказна во која сите имаат таква моќ.“

Мартин не сакал да создава едноставни црно-бели ликови, па затоа изјави: „Сакам да создавам сиви ликови. Дури и најголемите херои имаат свои мани и моменти на слабост, а најзлобните луѓе можат да бидат хумани и сочувствителни. Луѓето се сложени и сакав моите ликови да бидат комплексни. Ликовите се развиваа низ 20 години пишување и поради тоа и многу се менуваа во текот на годините.“

Мартин вели: „HBO е единствената куќа за мојата серија. Одамна сум размислувал на таа тема, дури и пред да се договориме. Кога книгата стана бестселер, почнав да добивам прашања од продуценти и студија кои сакаа да ги откупат правата за снимање на филм. Знаев дека „Песната за мразот и огнот“ не може да се обработи со филм - дејствието е премногу опширно за филм. Затоа, се насочив кон телевизијата и сфатив дека не можам да снимам серија со јавна ТВ куќа, затоа што станува збор за фантазија за возрасни. Така, серијата можев да ја снимам само со HBO и тоа да трае повеќе часови.“

Мартин, како еден од копродуцентите и писателите на оваа HBO серија, знае дека очекувањата на фановите се многу големи, па затоа вели: „Се надевам дека нивното искуство ќе биде слично на она кое го имав јас кога го погледнав „Господарот на прстените“ на Питер Џексон. Промените во содржината се неизбежни, но обожавателите сега ќе можат да видат како приказната се оживува на еден поинаков медиум и сето тоа надополнето со фантастична актерска екипа.“

„ИГРА НА ТРОНОВИ е епска фантазија, чија суштина е борба за моќ и превласт. Но, таа е многу повеќе од политика. Се отвораат прашања и за сексуалната опсесија, желбите, дрскоста, историјата, лојалноста. Во овој свет, каде играте игра за тронови, или победувате или умирате. Нема место ниту за чест, ниту за милост.“

05-06-2011
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ