close
Премиера
 
40914_-_254
Извор: Europress / AFP

Џорџ Мартин ќе се појави во третата сезона на „Игра на тронови“

Креаторот на „Игра на тронови“, Џорџ Мартин, ќе се појави во претстојната, трета сезона од серијата.

Ова го изјави извршниот продуцент Дејвид Бениоф кој не откри каква улога ќе има Мартин во серијата. Бениоф се појави заедно со авторот на книгите, Мартин, на тв шоуто „Evening With Game of Thrones“ кое се одржа во Холивуд.

Како што веќе се запознаени фановите на серијата, Мартин кој неодамна потпиша двегодишен договор со „HBO“ за развој на нови проекти, се појави и во пилот епизодата од серијата. Сепак, со оглед дека 90% од пилот епизодата се снимаа одново сцената со Мартин заврши во канта.

Во шоуто на кое беше присутна и публика, Џорџ Мартин изјави дека уште неколку луѓе ќе седнат на Железниот трон пред да заврши приказната. Продуцентите Бениоф и Вајс открија и дека сè уште нема договор за четвртата сезона што наишло на отворено негодување кај публиката.

На панел дискусијата беа присутни и Лина Хедеј (Серсеј Ланистер), Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер), Мишел Ферли (Кетлин Старк), Кит Харингтон (Џон Сноу), Софи Тарнер (Санса Старк), Мејси Вилијамс (Арија Старк) и Питер Динклиџ кој освои „Еми“ и „Златен глобус“ за улогата на Тирион Ланистер.

Модератор на дискусијата беше Роб Мекалхини, креатор и ѕвезда на „It’s Always Sunny In Philadelphia“. Панелот започна со рекапитулар на првите две сезони и со краток преглед на она што нè очекува во третата сезона. Дискусијата се сведе на бројни шеги кои актерите си ги упатуваа еден на друг како и на суровите услови на снимање во Европа.

Мартин се потсети на првата средба со Бениоф и Вајс по која тој започнал да работи со „HBO“. Во моментов работи на шестата книга од серијалот и се пожали дека не пишува доволно брзо во споредба колку брзо се снимаат сезоните.

21-03-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ